(Фото) Дoбивал зakaни пo живoт: Уштe eдeн пpипaдник нa МВР жpтвa нa moбинг, гo нaпyшти Миниcтepcтвoтo..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикатот на Полиција на Македонија, со огромно жалење ја прими информацијата дека Министерството за внатрешни работи од скоро го има напуштено уште еден припадник и наш член – Полициски службеник од СВР Куманово.

Од Синдикатот информирааат дека се работи за млад и чесен припадник на полицијата кој уште од моментот на неговото вработување, учествувал во извршување на најсложени полициски задачи, а истовремено бил ангажиран и како припадник на Посебната Единица на Полиција при СВР Куманово при што во сите негови ангажмани покажал висок степен на професионалност и посветеност во работењето.

-За жал излегува дека посветеноста, ангажираноста и професионалноста не биле критериуми кои што требало да бидат земени во предвид , па така истиот колега без никаков повод и причина и без никакво образложение првин од неговото работно место како полицаец во ПС од ОН Куманово, со незаконско решение бил распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење како полицаец во полициско одделение Матејче кое што се наоѓа во истоименото село во Општина Липково. Бидејќи на релација СВР Куманово – ПО Матејче , нема организирано службен превоз, а нема воспоставено ниту јавен превоз, колегата бил принуден со негово приватно возило да патува од и до неговото работно место поминувајќи во просек од околу 40 км во еден работен ден. Поднесеното Барање за надомест за патни трошоци , кои што според член 113 став 5 од Законот за работни односи како и според правно мислење на Врховен суд, преку кое што на работникот кој што е распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење а доколку нема организирано превоз , му следува право на надоместок за направени патни трошоци, на колегата без никакво образложение, му е одбиено во експресна постапка, па колегата продолжил на своето работно место да патува со сопствено возило, информираат од Синдикатот.

Покрај оваа , во експресна постапка и во целосна спротивност на член 9 и член 10 а во врска со член 4 од „Правилникот за условите и постапката за ангажирање, правата и обврските на припадниците на посебната единица за подршка во Министерството за внатрешни работи„ со образложение дека „така наредил Началникот на СВР Куманово„ колегата е исклучен и раздолжен од Посебната Единица на Полиција при СВР Куманово.

-И покрај сето оваа, а врз основ на одредена „шеговита„ преписка помеѓу колегите во нивна заедничка „Вибер„ група , со образложение дека токму началникот на СВР Куманово се почувствувал загрозен и по негова наредба, колегата е повикан и задржан повеќе часови во ПС Куманово, од него е одземен неговиот мобилен телефонски апарат, а во тие прилики лично од страна на началникот на СВР Куманово на колегата му биле упатувани навреди на национална и на лична и семејна основа и лично од него му биле упатувани директни вербални закани по неговиот живот. Соочен со голем притисок, малтретирање и мобинг на неговото работно место , допринеле да кај колегата се јави висок степен на разочараност и демотивираност , по што истиот донел одлука за напуштање на Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението.

Синдикатот на Полиција на Македонија најостро ги осудува сите погоре наведени форми на вознемирување, притисок и директен реванжизам, кои што според наши сознанија се вообичаено и секојдневно дејствување на Началникот на СВР Куманово , за кое нешто од наша страна во минатото во повеќе наврати беше реагирано во повеќе соопштенија. Но за жал МОЛК од Министерството.

Според наши согледувања, ваквите отворени форми на директен мобинг од страна на началникот врз припадниците на СВР Куманово , се основна причина за моменталната актуелна состојба на длабоко нарушени меѓуколегијални и меѓучовечки односи помеѓу сите припадници на СВР Куманово .

Синдикатот на Полиција на Македонија на колегата кој што ја донел одлуката да го напушти МВР , му посакува среќа и успех во понатамошниот живот, а од друга страна упатува отворен повик до Министерот за внатрешни работи, до Одделот за внатрешна контрола детално да го истражат целиот случај.

-Но, ова не е единствен таков случај. Истата и слична судбина ја делат повеќе од 50-тина незаконски распоредени полициски службеници секојдневно соочувајќи се со разни закани и притисоци само заради “лечење” на личните фрустрации на првиот човек на СВР Куманово. Што треба да се случи па конечно некој во Министерството да реагира, велат од Синдикатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This