October 18, 2021, 3:05 am

(Фото) Дpaга cecтро Ивa: Emoтивните збopoви нa Koвид пaциeнткa кои го pacплaкaa Балkaнот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Понекогаш многу малку треба да направите за некој да се чувствува убаво.

Она кое вреди повеќе од сите богатства на светот е искрениот збор – особено за оние кои непрекинато и неуморно се грижеле за вас во најтешките моменти.

Таков е примерот на неуморните медицински работници кои повеќе од една година ги лекуваат лицата заболени од Ковид-19.

А примерот кој деновиве го обедини Балканот е медицинската сестра Ива од Белград. Впрочем, еден нејзин работен ден започнал со емотивна порака која ја добила од нејзина поранешна пациентка.

Емотивното писмо кое пациентката и го посветила на Ива, на Твитер го споделила нејзината другарка.

Таа во разговар за “Блиц.рс” открива дека Ива е вработена како медицинска сестра во Клиничкиот Центар Србија, но дежурствата ги поминува во Ковид болницата во Батајница.

А грижата и вниманието кое таа им го посветува на пациентите било повод за една нејзина пациентка да и посвети емотивни зборови при отписот од болницата.

-Почитувана Ива, сакам да ви се заблагодарам за хуманоста и грижата со која ме чувавте на интензивниот оддел во Ковид болницата. Благодарение на вашата професионалност како и на професионалноста на персоналот успеав да преживеам. Само кога вие бевте на смена јас се ослемував да спијам и да се опуштам. Бескрајно сум ви благодарна, напишала пациентката.

https://twitter.com/IzgubljenaDaki/status/1376527883364089860?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1376527883364089860%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fbalkan%2F848115%2F

Latest News

Целосно обработени податоците од Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа, ова се резултатите

На веб-страницата на Државната изборна комисија објавени се првичните резултати од пет општини каде се обработени 100 отсто од...

More Articles Like This