(Фото) ЗАПОЧНА ЛИДЕРСКАТА: Многу 3амислени лица, Заев тргна да даде изјава па се предомисли

  • September 10, 2019

И официјално започна лидерската средба помеѓу лидерите на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. На средбата покрај претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРОД-ДПМНЕ се забележува и присуството на дел од членовите на работните групи кои досега ги усогласува ставовите околу Законот за обвинитeлcтво.

Средбата се одвива во Собранието на Република Македонија. Како што се гледа од фотографиите може да се забележат многу замислени лица. Премиерот Зоран Заев се упати кон новинарите да даде изјава па се предомисли. Покрај долгоочекуваното решение за Законот за ЈО како што најави Мицкоски денеска се очекува да се разговара и за предвремени парламентарни избори.

Дали власта на чело со Зоран Заев конечно ќе се охрабри ќе излезе на избори и ќе си го измери рејтингот, останува да видиме до крајот на вечерта. Следете не, очекувајте и вклучување на живо на Фејсбук страницата на Инфомакс.

Претходно «
Следно »