October 16, 2021, 9:53 pm

(Фото) Натпис во весник кој ја предвиде иднината: Македонија во Европа – Прв пат (15.01. 1992)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Твитерџија „Банекома“ кој беше еден од најгласните учесници на „шарената револуција“, Небојша Гелевски, графички дизајнер одговорен за голем број плакати на револуцијата со натпис од весник од далечната 1992 проговоре за довербата на Македонија во ЕУ и растечкиот евроскептицизам во државата.

Натписот е во весникот Пулс каде пророчки пишува „Македонија во Европа – Прв пат“.

-“#Македонија во #Европа” – мечтаеме уште од 1992 година! Денес: “ДОВЕРБАТА ВО ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА ПАДНА НА 53 ОТСТО, НИКОГАШ НЕ БИЛА ПОД 70 ОТСТО” Сѐ заради Бугарија, а преходно и Грција 🙁

Членството во НАТО не ни донесе некои придобивки, македонската економија нема да може да поднесе да го издвојува, според НАТО, бараниот процент од 2% од БДП за војската, оптимизмот во однос на членството во ЕУ се намалува, промената на името не ги донесе посакуваните резултати. Ова се дел од заклучоците што може да се донесат од истражувањето на МКД.мк што го спроведе агенцијата Маркет вижн од 10 до 16 февруари на репрезентативен примерот од 1.200 испитаници.

За прекинот на преговорите со ЕУ, најголемиот дел од испитаниците (72,3%) се согласни дека главната причина за тоа е блокадата од Бугарија. Дури 39 проценти од испитаниците сметаат дека не е веќе од интерес на ЕУ Македонија да стане нејзина членка и дека постојано ќе се измислуваат нови и нови причини за блокади. Само 19 отсто од испитаниците се оптимисти и сметаат дека Бугарија ќе ја тргне блокадата по изборите кај нив, а 18,8 отсто од испитаниците се оптимисти дека Македонија ќе попушти и ќе ги прифати барањата на Бугарија.

По промената на името, 60,5 отсто од граѓаните велат дека не вредеше промената на името за влез во НАТО. 30,7 отсто одговорија дека овој потег на власта сепак вредел.

За враќање на името Република Македонија и по цена да го изгубиме членството во НАТО се 58,1 отсто од испитаниците и 58,7 отсто од нив го дале истиот одговор во однос на губење на можноста за членство во ЕУ. Против ова се 19,8 и 19,6 отсто од испитаниците.

Latest News

„Ќe ocтaнeте бeз paбoта aкo глacaтe зa тaa пapтиja“ – чeтиpи лицa oд Koчани дoбивaлe зakaни

ОВР Кочани до надлежното ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано...

More Articles Like This