(ФОТО) НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ ДЕНЕС ПАТУВААТ НА СП ВО ГЕРМАНИЈА И ДАНСКА:Погледнете го распоредот на натпреварите!

  • January 9, 2019

Минатиот месец македонските љубители на ракометот можеа да здивнат бидејки МРТ конечно покажа слух за потребите на своите гледачи и ги откупиле правата за пренесување на натпреварите на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Германија и Данска.

„Македонската Телевизија ги обезбеди ексклузивните терестријални права за телевизиско покривање на Светското Првенство во ракомет, коешто од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и во Данска. Во изминатиот период Јавниот Сервис вложи огромни напори за да остане верен придружник на македонската репрезентација на настапите на најголемите светски ракометни собири. Целта ја оствари, но успеа и во уште поважната мисија – преносите од натпреварите на нашиот национален тим и на овој значаен меѓународен настан да бидат на македонски јазик! Подгответе се за вистинско уживање во текот на 18-те мундијалски дена со врвен ракомет во неограничени количини на Македонската Телевизија“, изјави уредникот на спортската редакција на МРТВ, Драган Николовски.

Полека но сигурно се приближува 11. јануари кога македонските ракометни репрезентативци ќе истрчаат во Минхен на премиерниот дуел од СП со Јапонија. Зад нас се двете контролни средби на кои Македонија остави солиден впечаток совладувајќи ја Србија, уште еден учесник на Мундијалот.

Селекторот Гонзалез го скрати списокот на 16 патници за Минхен каде ќе ги играме натпреварите од групната фаза а веќе денес, во раните утрински часови експедицијата патува за Германија каде ќе продолжи со тренинзите. Средбите ќе се играат во Олимпија Хале која е со капацитет од 15.500 места.

Овие денови активни се и верните фанови на националниот тим. Информациите велат дека картите за сите натпревари од групната фаза се распродадени и дека нашата репрезентација се очекува да ја бодрат повеќе од 1.000 фанови што повторно ветува одлична атмосфера и ветер во грб за Кире Лазаров и дружината.

Да потсетиме ова е 6-то учество на СП-ва за Македонија а најдобриот пласман го остваривме во Катар каде бевме 9-то пласирани.
Oстануваат уште еден ден до почетокот на Светско првенство што од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и Данска.

Кирил Лазаров вчера му го честиташе роденденот на селекторот на машката ракометна репрезентација Раул Гонзалез.
Лазаров сподели фотографија на која е заедно со Гонзалез и соиграчите Столе Стоилов и Димитар Маневски.

Противници на Македонија во групната фаза во Минхен се селекциите на Јапонија, Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд, а пласман во втората рунда обезбедуваат најдобрите три селекции.
Македонската ракометна репрезентација е во групата „Ц“ која натпреварите ќе ги игра во
Минхен, Германија.

Распоред на натпревари
11.01.2019 Јапонија – Македонија во 15.00

13.01.2019 Македонија – Бахреин во 14.00

14.01.2019 Хрватска – македонија во 18.00

16.01.2019 Македонија Шпанија 20.30

17.01.2019 Македонија – Исланд 18.00

Претходно «
Следно »