October 1, 2020, 7:43 am

(Фото) Нeпoднocливaтa pea од уcjанскиот кaнaл ги зaтвоpи дома жителите на Лисиче и Горно Лисиче

Поврзано

Неколку скопски улици утре бeз вода

Без вода утре ќе останат корисниците од булеварот Киро Глигоров, дел од населба Ќерамидница и дел улица Перо Наков...

(Фото) Протecт во знак на одбележување на годишнината од пpoпаднатиот рeферендум

Вечерва во Градскиот парк во Скопје се одржа мирен пpотест во знак на одбележување на две годишнината од пpопаднатиот...

На минување ми украле цела чанта- Во Тиквешко се краде и од нива

Во Тиквешко се краде и од нива, но и се прават измами при посредување за работа во странство. Ова...
- Advertisement -

Жители на населбата Лисиче и Горно Лисиче кои живеат во непосредна близина на усјанскиот канал се жалат дека не смеат да ги отворат прозорците за да проветрат бидејќи од каналот се шири неподснослива реа. Го прозиваат градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин веднаш да изнајде начин да се исчисти каналот. За овој проблем тие завчера писмено го известиле Марин. – Во изминативе денови, недели и месеци сведоци сме на неподнослива смрдеа што се шири од каналот и го оневозможува секојдневието на жителите околу каналот, стои во известувањето потпишано од советничката Јасминка Данческа

Жители на населбата Лисиче и Горно Лисиче кои живеат во непосредна близина на усјанскиот канал се жалат дека не смеат да ги отворат прозорците за да проветрат бидејќи од каналот се шири неподнослива реа. Го прозиваат градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин веднаш да изнајде начин да се исчисти каналот. За овој проблем тие завчера писмено го известиле Марин.

– И покрај тоа што три години ја практикувате локалната власт во Аеродром, не смогнавте сили, а ни средства да решите еден од горливите проблеми на граѓаните од населбата Лисиче, а тоа е усјанскиот канал. Во изминативе денови, недели и месеци сведоци сме на неподнослива смирдеа што се шири од каналот и го оневозможува секојдневието на жителите околу каналот – стои во известувањето потпишано од советничката Јасминка Данческа.

Во писмото Данческа потсетува дека грижата за животната средина треба да биде приоритет на локалната самоуправа и во услови на пандемија кога една од препораките е проветрување на просториите, тоа за жителите на населба Лисиче и Горно Лисиче е невозможно, токму поради нечистиот усјански канал.

– Во услови на пандемија кога граѓаните се движат само непосредно околу своите домови, жителите околу каналот се оневозможени тоа да го прават, да направат макар и една прошетка во близина на нивните домови, бидејќи од каналот се шири таква непријатна миризба која предизвикува и други здравствени проблеми кај луѓето – потенцира таа.

Данчесна вели дена овој проблем го анимирала на седниците на кризниот штаб на општина Аеродром на 14.05.2019, како и на онаа одржана на 11.03.2020 година, каде особено потенцирала на важноста на чистењето на усјанскиот канал.

– Истакнав дека општина Аеродром во соработка со Град Скопје треба под итно да го исчисти, но за жал, до денеска тоа не е сторено. Често пати поставував прашања на седница на советот на Аеродром, но добивав одговор дека чистењето е под надлежност на град Скопје. Уште еднаш ве прашувам кога планирате во соработка со Град Скопје да го исчистите усјанскиот канал бидејќи граѓаните не можат да ја поднесат смрдеата која го оневозможува нивното секојдневие – прашува советничката Јасминка Данческа.

Oд Град Скопје за весникот ВЕЧЕР информираат дека од 17 јуни годинава е почнато со чистење на усјанскиот канал.

– Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2020 година, екипите на Градот во континуитет ги чистат и одржуваат коритата на реките и на каналите под негова надлежност, а тука влегува и усјанскиот канал. Со оваа програма е предвидено секоја година отворените канали да бидат чистени во повеќе фази, кои во себе вклучуваат рачно косење на нискостеблестата вегетација од косините на коритата на каналите, а во втора фаза и машинско чистење. Носител на работите за спроведување на оваа програма е ЈП „Улици и патишта“ а согласно програмата оваа година работите за негово чистење започнаа во јуни – информираат од Градот.

Од општина Аеродром до затворање на весникот не добивме одговор.

Усјанскиот Канал или Усјанскиот Јаз е канал со должина од 3.600 метри кој минува низ селото Усје и населбата Горно Лисиче. Тој ги собира поројните води од неколку суводолици од планината Водно, а исто така и отпадните и атмосферски води од општините Аеродром и Кисела Вода. Се влива во Вардар кај населбата Горно Лисиче.

Latest News

Прогласен кapaнтин во Мадрид

На жителите на Мадрид, кој моментално е жaриште на инфекцијата, ќе им биде зaбрането да ги нaпуштаат домовите, освен...

Заев за Каракачанов: Тој ми е пријател и тој премногу ја сака Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар, говорејќи за пpоблемот со Бугарија, рече дека вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов некогаш премногу...

Американските pазyзнавачки служби планирале да го отpyјат Асанж

Американските pазузнавачки служби планирале да го отpyјат или kиднапираат основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, пишува британскиот весник „Гардијан“. Деталите за оперaцијата ги раскажал поранешен вработен...

Внимавајте: Коpoнавирусот се пренесува и преку мобилните телефони

Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата“ во Рим. Истражувачите, предводени од професорот Џанлорето Д’Ало, откриле дека...

Прогласена вонpeднa состојба во Чешка

Чешката Влада прогласи вонpeдна состојба, која стапува во сила од понеделник, и воведе мерки кои вклучуваат огрaничување на собири и забрaнa за мјузикли и...

More Articles Like This