December 9, 2021, 11:34 am

(Фото) Нepeaлнo: Heбoтo нaд источна Франција кaкo вo aпoкaлиптичнo cцeнapиo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Песок од Сахара го обои небото во жолта и окер боја на источна Франција, Феноменот, е импресионирачки, но тој се случува редовно, наведе Метео Франс, јави дописникот на МИА.

Небото доби окер тонови, воздух полн со прашина, слој песок што ги покрива автомобилите и пригушена атмосфера. Песокот од Сахара оваа сабота се надви над Франција. Овој метеоролошки феномен, што не е невообичаен во зимскиот период, зафати голем дел од источниот дел на земјата, од Прованс до регионот Бургоњ-Франш-Комте, се до Лорен.

„Ова не е апокалипса или доаѓање на вонземјани“, веднаш предупреди со многу хумор Метео Франс. Феноменот се случува редовно.

-Секако тоа е импресивно, но прилично класично, подвлекува Оливие Пруст, прогнозер во агенцијата за метеорологија.

Тој тоа го објаснува со студениот воздух ѓто се наоѓа високо и паѓа во Мароко и носи силни ветрови над северозападна Сахара. Овие одржливи струи, што носат песок, се протегаат се до Франција.

-Овој феномен често пати се случува од есен до пролет, додава Оливие Пруст.

Врнежите од песок почнаа вчера и се засилија денеска наутро. Дождливиот период што денеска циркулира низ земјата ќе го насочи овој феномен кон централна Европа.

Latest News

Американски сенатор pacпали по „демократскиот самит“ на Бајден – ја спомена и Македонија: За Вашингтон, демократијата значи „ти избираш кого ние ќе ти кажеме...

На 9-10 декември, претседателот Бајден ќе претседава со онлајн „Самит за демократија“, кој тврди дека „ќе ги собере лидерите...

More Articles Like This