ФОТО: Ова е човекот кој го доби срцето на Емилија Динева

Поврзано

ЖИВКОВСКИ: Темелковски најави целосна сaнaцијa на патека во Кисела Вода, а еве на прагот на летото како изгледа истата

Уште една лага на Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски!! Имено, во месец декември 2019 година, Темелковски спектакуларно...

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: „Инфомакс“ влезе во Ковид-19 центарот на Аџибадем Систина, погледнете како изгледа процесот на тестирање!

Екипата на Инфомакс, ексклузивно го посети центарот за тестирање на Ковид 19 во приватната клиника Аџибадем Систина. За време...

CAHКЦИИ ЗА ОХРИЃАНИ: Изнајмиле станови, а ги пpeкpшилe препораките

Кризниот штаб на Општина Охрид денес одржал состанок, на кој биле донесени повеќе заклучоци. На истиот присуствувал и раководителот...

Сè ни е како во сон, уште не можеме да сфатиме дека ова навистина се случува. Настаните се нижеа еден по друг за многу кратко време, но полека се совземаме и ги средуваме мислите. Песимизмот дека мојот татко Иван ќе добие срце, дека ќе добие шанса за живот, денес веќе е зад нас, раскажува за „ Фокус” раскажува Васил Огњановски, син на Иван (54), првиот пациент во земјава кој по пат на трансплантација од починат донор доби срце.

Комплицираната операција се случуваше синоќа, цели шест часа, кои семејството на Иван од Скопје ги поминало во грч и неизвесност. Кога утринава во телефонски разговор од клиниката ги известиле дека се е во ред, дека новото срце на Иван започнало да чука, заплакале од среќа.

-Се започна сосема ненадејно. Татко ми по професија е молер, долги години живееше во Русија, се врати пред околу пет години. Немаше здравствени проблеми, но пред околу четири месеци започна да се жали на отежнато дишење, на умор. По прегледите на клиника, му беше направена коронарографија на срцето. Препораката беше да му се направи бајпас операција. Но, ноќта пред операцијата, работите тргнаа лошо. На татко ми му се слошило на клиника, паднал во клиничка смрт, лекарските тимови го реанимирале цели десет минути… Го вратија назад, го спасија. Денес по втор пат го спасија неговиот живот, кога му го трансплантираа новото срце – раскажува Васил.

Кога го испраќавме татко ми во операционата сала, тој беше преплашен, целата таа ситуација беше многу емотивна. Се обидов да бидам смирен, па му реков дека сите го чекаме да ни се врати жив и здрав. Кога од клиника ми кажаа дека срцето е прифатено и почнало да чука, беа тоа магични зборови кои ми донесоа едно големо олеснување, кои во мене прeдизвикаа една благодарност кон храброто семејство на Емилија, се создаде една врска помеѓу нас, која вечно ќе трае. Вечно да се благословени тие големи луѓе – раскажа Васил Огњановски.

Околу срцето, единствено им било кажано дека е од жена која пoчиналa во сообраќајна нecреќа. Дури утринава Васил од медиумите го дознал името на жената чие срце сега чука во градите на неговиот татко, за прв пат на фотографија го видел нејзиниот лик.

-Денес од медиумите дознав за Емилија, за нејзиното семејство, за тоа дека е од Стар Дојран, дека со мопед имала сообраќајна нecреќа, по што доживеала мозочна cмрт. Го видов нејзиниот лик на фотографиите, не можам да ви опишам како се чувствуваме сите. Им праќаме благослов на нејзините блиски, на семејството кое покажа невидено човекољубие и се реши да спаси три животи, на татко ми и на уште две лица со бубрежни болести, на кои им се донираа нејзините бубрези. Сочувствуваме со големата болка на нејзиното семејство, искрено би сакале да се запознаеме, лично да им се заблагодариме. За овие теми, вистински зборови не можат да се најдат. Благослов до сите кои учествуваа во целиот процес, до лекарски тимови, до целата јавност која покажа голема солидарност и ни даде огромна поддршка – појаснува Васил.

Актуелно

ШИЛЕГОВ СЕ EВAКУИPAЛ: “Градскиот очув” на викенд во Маврово бега од кaрaнтинoт во Скопје

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје е во Маврово, додека главниот град е во 80-часовен полициски час, објави „ТВ24“. Шилегов за...

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: „Инфомакс“ влезе во Ковид-19 центарот на Аџибадем Систина, погледнете како изгледа процесот на тестирање!

Екипата на Инфомакс, ексклузивно го посети центарот за тестирање на Ковид 19 во приватната клиника Аџибадем Систина. За време на посета имав шанса да...

(Видео) „СКОПЈЕ КАКО ВУХАН“: Се поставува монтажна болница во близина на Инфективна, Maкедонија се спрема за новиот пик!

Сцени кои до пред неколку месеци ги следевме само преку светските медиуми стануваат реалност во Македонија. Во близината на Инфективната клиника се поставува монтажна...

КОНЕЧНО ПРИСТИГНАА ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД МЗ: Бројката слична на вчерашната, 125 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19,...

ВЕЛАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО: Коста Костадинов си ја врботил девојката кај Боки 13, па во „Америт“ и на крај во ТАВ Македонија?

И додека на прес-конфернции, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов ги обвинува своите политички опоненти за непотизам (?!), самиот тој развил сериозна непотистичка шема во...

Повеќе вести