ФОТО од Зоолошка: Ако немаш зебра, офарбај го магарето

  • August 14, 2018

Во зоолошката градина во Каиро е забележано магаре кое е обоено за да изгледа како зебра, но зоолошката негира дека го обоиле магарето за да наликува на зебра.

Оваа „креација“ ја откри студентот Махмуд Сархан, кој фотографираше магаре во Меѓународниот парк во Каиро и објави фотографии на „Фејсбук“. Дека станува збор за магаре, а не за зебра, може да се забележи по долгите уши и размачканата црна боја на главата на животното.

Фотографиите бргу се проширија преку нтернет, а експертите дадоа свое мислење за каков тип животно станува збор.Еден ветеринар кажа дека муцката на зебрата треба да биде црна, а линиите воедначени и паралелни.

Директорот на зоолошката градина, Мухамед Султан, негира дека животните биле обоени.Ако тврдењата се вистинити, нема да биде првпат во некоја зоолошка градина да се бојат животни.

Зоолошката во Газа пред една деценија ги обоила магарињата во боја на зебра, а сопственикот се правдал со високите трошоци за шверц во појасот Газа поради израелската блокада на увозот на живи животни.Друга зоолошка во Газа во кафези чувала кадифени играчки поради недостиг на вистински животни.

Зоолошката во провинцијата Хенан, Кина, се обидела да го претстави долговлакнестото тибетско куче како лав во 2013 година, а во 2017 година зоолошката градина во провинцијата Гуангкси ги изневерила посетителите со пластични пингвини на надувување.Неколку недели подоцна, друга зоолошка градина во Гуангкси изложила пластични пеперутки.

Претходно «
Следно »