January 24, 2021, 3:31 am

(ФОТО) ПРАКТИЧНО И КОРИСНО: На сопругот му направила паб во дворот за да го задржи дома

Поврзано

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата,...

Еликсир на младоста: Кинезите открија средство што го забавува стареењето

Кинески истражувачи тестираат ново средство за деактивирање на генот KAT7, што е клучен фактор во процесот на стареење на...

Златник од 18 век е продаден за 9,36 милиони долари

Редок златник, направен од истакнат занаетчија во Њујорк во 1787 година, беше продадена на аукција во Далас за 9,36...
- Advertisement -

„Мојот сопруг Пол отсекогаш сакал малку да скокне во локалниот паб и никако не можев да го задржам дома. Размислував и дојдов до идејата во дворот да изградам сопствен паб“, рекла неговата сопруга Џејн Тапер.

Пол Тапер, инженер од Њјутон Абот во Велика Британија отсекогаш обожувал да оди во локалниот паб, но неговата сопруга Џејн (48) сметала дека таму минува премногу време па во дворот на семејната куќа му изградила паб.Го нарекла „The Doghouse Inn“.
Оваа мајка на три деца и медицинска сестра по струка, освен што сака да го гледа сопругот блиску до дома, вели дека во сопствениот паб ќе организира и забави за пријатели и семејството.

„Мојот сопруг Пол отсекогаш сакал малку да скокне во локалниот паб и никако не можев да го задржам дома. Размислував и дојдов до идејата во дворот да изградам сопствен паб. Кога ќе ме прашаат каде ми е сопругот им велам ‘во куќичката за кучиња’“, рекла неговата сопруга Џејн Тапер.

Открила и колку тоа ја чинело.

„Најскапо беше да се израмни дворот и тоа чинеше 15.000 фунти, а почетната градба на кабината дојде до 2.700 фунти. Кога станува збор за уредувањето, се обидов тоа да го направам што поефтино користјќи се со социјалните мрежи и препродавачите“, рекла и додала дека не можела да одолее а да не набави црквена клупа за седење и игричката вселенски напаѓачи за уште 650. фунти, за да пабот изгледа автентично.

Со сопствениот паб не е воодушевен само сопругот на Џејн туку и децата – Том (31), Лорен (24) и Џек (26), кои велат дека долгорочно ќе заштедат пари на алкохол бидејќи ќе се дружат во сопствениот паб.
„И Пол ќе го донесува своето друштво, се чини дека секогаш ќе бидеме зафатени“, рекла Џејн и додала дека и понатаму со некои ситнурии ќе го украсува пабот, кога ќе налета на нешто убаво.
„Сакам да престојувам тука и со веселба ноќите би ги минувала во нашиот паб“, заклучила, пренесува Mirror.

Latest News

Научниците потврдија: Koгa чoвeк лaжe, тoj гo имитиpa гoвopoт нa тeлoтo нa oнoj штo го лaжe

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од Универзитетот во Ротердам, кој го проучуваше влијанието врз говорот на телото и движењата,...

More Articles Like This