September 18, 2021, 9:36 am

(Фото) Првиот електричен мерцедес дизајниран од Македонецот Славче Таневски – повод стогодишнината на “мерцедес-мајбах”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот концепт на „мерцедес -мајбах EQS“, наскоро ќе стане дел од редовната понуда на марката именувана по Вилхелм Мајбах, конструктор на првиот мотор што беше наменет за вградување во автомобил.

Компанијата „Дајмлер“ одлучи да го електрифицира и најчувствителниот и најтрадиционален огранок, луксузната марка „mercedes-maybach“.

Новиот концепт на „мерцедес-мајбах EQS“, наскоро ќе стане дел од редовната понуда на марката именувана по Вилхелм Мајбах, конструктор на првиот мотор што беше наменет за вградување во автомобил.

Електричниот модел на „мерцедес-мајбах“ е конструиран врз платформата за електрични модели од највисоките класи, односно со техниката од EQS.

Автомобилот со дизајн на Македонецот Славче Таневски доаѓа точно за одбележувањето на стогодишнината на „мајбах“.

Прво што се забележува на овој модел е скапо лакираната двобојна каросерија што е главно стилско обележје на марката. Динамичната силуета почнува со низок нос, од каде што поаѓа линија по должината на закосените предни столбови и истата завршува во задниот спојлер. Изгледот го идентификува Concept EQS како возило од новата технолошка ера. Следното што го одбележува дизајнот е отуството на рабови и прекршувања. Тоа е пример за „Seamless Design“. Начинот на којшто се моделирани површините става печат на изгледот на првиот луксузен СУВ со електричен погон. За моќта и емоциите се грижат арките на крилата што се лакирани во црна боја со висок сјај.

– Со концептот „mercedes-maybach EQS“ по 100 години ја трансформираме марката за електричната иднина. Футуристичкиот дизајн се состои од емотивна интеграција на површини и форми. Прендиот дел со прогресивната маска на „мајбах“ го следи принципот на интеграцијата и на марката ѝ дава сосем нов изглед. Заедно со новата аеродинамична пропорција на СУВ, комплетно од ново го дефинираме луксузниот СУВ на иднината – изјави главениот дизајнер на „Дајмлер груп“ Горден Вагенер, пренесе Automedia.

Од компанијата велат дека новиот модел е наменет за помлади клиенти од САД, Русија, Кина Јужна Кореја и Германија.

Моделот „мерцедес- мајбах“ пред еден век почнаа да го исработуваат Вилхелм и Карл Мајбах ,а нивна цел била да направат автомобил кој ќе биде „најдобро од најдоброто“.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Вистина или мит? Британската влада се оглaси по повoд теoриите на загoвор за вaкцинaта – објaвени од свeтската ѕвeзда aнтивaксeрка

Седницата за коронавирус во Британија доби сосема нова димензија, кога главниот лекар и премиерот беа вовлечени во разговор за...

More Articles Like This