(Фото) Пpecпанскиот договор нeмоќен пред фaшизmoт: Уште еден македонски државјанин се врати со оштeтeн автомобил од Халкидики

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Oва што се случува е неподносливо, ве молам апелирајте граѓаните да не одат на одмор во Грција“, вака гласеше пораката која ја доби редакцијата на Инфомакс заедно со неколку фотографии oд оштетен автомобил на македонски државјанин кој се одлучил летниот одмор да го помине во соседна Грција.

Автомобилот марка Пежо бил оштетен во Вурвуру на вториот крак на Халкидики, Ситонија кај јужниот сосед.

Според инофрмациите кои ги споделија нашите читатели со нас, грчките власти и полиција не прават ништо да се пронајдат сторителите на ваквите подмолни настани во кои се таргетираат автомобил на македонски државјани.

Конкретниот настан се случил пред една недела, но за жал се уште нема никаква разрешница.

Инфомакс вчера објави дека и годинава македонски туристи, кои заминаа на одмор во Грција повторно се најдоа на мета на локалното грчко население, кое секоја година демолира автомобили на туристи од нашата земја.

Вчерашната објава се однесуваше на инциден кој се случил на плажата Портокали во Сарти, а оштетен е автомобил марка Волксваген со македонски регистарски таблички на кои е испишано цигано-скопјанос.

Очигледно и Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија не се доволни за да го поразат фашизмот во сосесдството, а факт е дека пријател со договор не се станува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This