(Фото ) Рашковски вози „волво“ од 74.000 евра, џипот не е пријавен во анкетниот лист

Поврзано

(Видео)Рано изутрината зaвpши yвидoт на лицe место по yбиcтвoтo во населбата Бутел

Увидот на лице место на екипите на Крим Техника по убиството во населба Бутел 2 во која животот го...

Xaoc на Уpгeнтeн, стотина лица влетале на Kлиниka за да бараат peaнимиpaњe на yбиeниот во пpecтpeлkaтa во Бутел

Преку 200 лица упаднале вечерва на Ургентниот центар, откако таму било донесено безживотното тело на убиениот Камбер Идризи, кој...

(Видео)Убиство во Бутел, ова се првичните детали

Двојно убиство се случи вечерва во Бутел, откако непознати лица отвориле оган врз сега убиени. Убиството се случило на булеварот...
- Advertisement -

Во вечерашната емисија „360 Степени” на Алсат телевизија објавија дека секретарот во кабинетот на премиерот Драги Рашковски, вози прескап автомобил „Volvo XC90″ во вредност од 74.000 евра, кој не фигурира на неговиот анкетен лист.
Станува збор за „Волво XC 90“ од актуелната генерација на моделот. На официјалната страница на „Волво“ овој џип е опишан како спој меѓу совршена безбедност, удобност и елегантeн дизајн, со иновативна технологија и внатрешност изработена од врвни материјали. Најновиот основен модел вреди 74 000 евра.

Џипот е редовно паркиран во близина на живеалиштето на Рашковски во Скопје, и тој не оди со ова возило на работа, туку го користи во слободното време.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) веќе има отворено предмет за Рашковски и велат дека ќе се истражува дали вредноста на она што го поседува ги надминува неговите примања, во таков случај истрагата ќе оди подлабоко.

„Доколку се случи нешто како што вие кажувате дека е забележано нешто што не е пријавено тука, дека во конкретниот случај е забележан со возило кое што не е пријавено, тогаш ќе провериме чии е тоа возило. Па на тој начин ќе извршиме споредба, вклучена е и контрадикција со субјектот којшто е предмет на работење, така што може да се земе и изјава од Рашковски, кое возило го возел, чии е возилото итн. Ние неколку пати сме укажале дека законот за потекло на имот е многу потребен во нашата држава, токму од овие причини, да се знае кој имот чиј е и од каде потекнува“, вели Ивановска за 360stepeni.mk.


Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, вели дека освен што ќе ја проверуваат реалната имотна состојба на Рашковски, ќе се истражува и дали нејзината вредност ги надминува неговите примања. Во таков случај истрагата ќе оди подлабоко.

„Доколку се забележи дека има отстапување на страна на имотот во однос на примањата тогаш одиме кон проверка на имотот и тогаш веќе се вклучуваат и други институции како финансовата полиција итн“ посочува Ивановска.

Извор 360степени.мк

Latest News

Пoплaднe пopoeн дoжд и гpмeжи, вeтep oд нaд 60км/ч

Локален пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер се очекува попладне особено во западните делови на државата. На повеќе...

More Articles Like This