ФОТО: Ребека со емотивна порака за синчето ги разнежни сите

  • November 9, 2018

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристески пред некој ден го прослави 12-от роденден на својот син Маркијан.

По тој повод таа сподели емотивен статус на „Фесјбук“ со кој го честиташе роденденот на својот син.

„Маркијан, љубов моја. Да знаев дека ти ќе бидеш причина за да научам како и невозможното станува возможно и дека целите кои ги поставувам се градење на поубаво утре за многу деца, ќе си измислев дете како тебе. Моето се си ти, но и сите ближни луѓе околу тебе и Бог ни дал се за да се радуваме и да го менуваме овој свет кон подобро. Ти благодарам за љубовта и секојдневното твое. Мамичка те сака. Среќен 12ти роденден херој мој“, напиша Ребека на својот „Фејсбук“.

Претходно «
Следно »