(ФОТО) СНААТА НА БРЕНА ГО СМЕНИ ИМИЏОТ!

  • January 4, 2019

Пејачката Александра Пријовиќ на Инстаграм се пофали со новиот имиџ. Снаата на Боба Живојиновиќ и на Лепа Брена ја скрати косата за која фановите коментираат дека одлично и стои.

Пријовиќ поради бременоста ги откажа настапите за празниците, и Новата година ја помина дома, со сопругот Филип.

Лепа Брена неодамна во интервју за Женски магазин зборуваше за односот со снаата:

„Александра е мојата поддршка и јас сум нејзината. Таа е нашиот нов член од семејството и ја доживувам како едно девојче кое тргна исто како и јас, токму од нула. Навистина сакам да и бидам од помош и да и дадам совети кои никој не може да и ги даде. Сум го поминала целиот тој трнлив нејзин пат. Таа ја има својата мајка која и е голема поддршка, а јас можам да ја советувам за работата и за животот. Среќа, таа е личност која следи, слуша, и ги применува работите од другите кои се добри. Не може никој да биде ничиј наследник. Сите ние сме оригинали и секоја копија или прашање кој ќе ме наследи мене или било кој друг се непотребни. Александра е птица која пее со свој глас, а јас сум тука за се што и треба“, ни изјави Брена.

Претходно «
Следно »