October 28, 2021, 4:57 am

(Фото) Според Би-Би-Си: Алиоски во дрим-тимот во групната фаза на ЕП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски имаше одлични партии на Европското првенство, кое нашата селекција го заврши уште во групната фаза.

Фудбалерот настапи на сите три натпревари на ЕП за нашата репрезентација и неговиот одличен учинок беше запишан во бележникот на елитниот британски медиум „Би-Би-Си“.

Токму името на Алиоски се најде во најдобриот тим во групната фаза на континанталниот собир, заземајќи ја левата бековска позиција.

Според британскиот медиум најдобар голман досега на ЕП е Каспер Шмајхел од Данска. Во одбраната друштво на македонскиот репрезентативец му прават Спиноза од Италија и Кјаер од Данска. Средниот ред е закажан за Клих од Полска Де Брујне од Белгиија, Вајналдум од Холандија и Локатели од Италија, додека нападот е составен од Имобиле од Италија, Лукаку од Белгија и Исак од Шведска.

Latest News

Се pacпаѓа ли парламентарното мнозинство? Пратеникот од СДСМ, Талески пред неколку дена ја понудил својата оcтавка?

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена...

More Articles Like This