January 23, 2021, 8:45 am

(Фото) Тpoгaтeлнa cцeнa: Лeкap пpeгpнyвa pacплaкaн пaциeнт кoj e зapaзeн co Koвид-19

Поврзано

Ристески за Глобал, сапуницата која трае: Дали оваа лакрдија на Владата треба да се сфати како хуман потег и солидарност, како суптилна наредба...

Марјан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на препорака од Владата до државните институции, Локалните самоуправи и ЈП да донираат...

Николоски: Tројцата премиери со кои се сретнавме ни кажаа дека никој од власта од државата не се јавил да помогнат со вакцини

Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во централниот дневник на Сител Телевизија. Во своето гостување посочи дека ниту...

Само Македонија и Африка ќе чекаат до 2022 година за колективен имунитет

Африка ќе мора да чека „неколку недели ако не и месеци“ пред да прими вакцини „Ковид-19“ одобрени од Светската...
- Advertisement -

Удобната прегратка на еден лекар со старец позитивен на Ковид-19, на Денот на благодарноста, што ја направи еден фотограф за „Getty Images“, се прошири низ целиот свет.

Станува збор за Џозеф Варон, лекар кој се грижи за пациенти со коронавирус во една болница во Тексас, кој додека работел на 252-иот ден по ред, видел вознемирен старец во одделот за интензивна нега.

Варон, шеф на персоналот на Обединетиот меморијален медицински центар во Хјустон, за „CNN“ рекол дека на влезот во единицата за интензива нега видел постар пациент кој „се обидувал да стане од својот кревет и да излезе од собата“.

„Видов дека плаче“, рекол Варон. „Му се доближив и го прашав: Зошто плачеш?“

„А човекот вели: Сакам да бидам со сопругата. Потоа едноставно го зграбив и го прегрнав“, рекол Варон.

„На крајот се чувствуваше подобро и престана да плаче“, рекол Варон за „CNN“.

„Не знам зошто досега се немам скршено”, рекол лекарот. “Моите сестри плачат насред ден”.

Варон рекол дека изолацијата во единицата за интензивна нега за ковид-19 е тешка за многу пациенти, посебно за постарите лица.

“Можете да замислите”, рекол тој. “Се наоѓате внатре во соба во која луѓето влегуваат со скафандери”.

“Кога сте постаро лице, многу е потешко, бидејќи сте сами”, рекол тој.

“Некои од нив плачат, некои се обидуваат да побегнат”, додал Варон.

Варон изјавил и дека човекот од фотографијата се чувствува подобро и додал дека се надева дека ќе излезе од болница пред крајот на неделата.

Latest News

Cтapото cojyзништво – Германската амбасадорка: Договорот со Бугарија мора да се спроведе

Меѓу Македонија и Бугарија има добрососедски односи. Бугарија прва ја призна Македонија како независна и е силен поддржувач...

More Articles Like This