December 9, 2021, 12:14 pm

(Фото) Хит свадба: По невестата дојде со багер, а сватовите со трактор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Летниот период е иделано време за свадби, тие се во полн ек, роднините си доаѓаат од странство, сите се соберени за прославата.

Секоја сака својата свадба да ја направи посебна, и поразлична, да остане запаметлива, и долго да се зборува низ народот.

Една многу необична венчавка ни доаѓа од соседна Србија односно местото Кисач, каде младоженците и сватовите приредија вистинско шоу и начин на венчавка.

Нивното видео стана хит на социјалните мрежи и ќе се зборува уште долго. Имено, младенците се возеа низ селото со сватовите на трактор.

Традиционалната словачка музика можеше да се слушне од звучниците, а словачкиот народ има традиција да шета низ селото во народна носија со музика.

Доста идеален начин за прослава, овојпат нешто поразлично од класичните автомобили или пак луксузните лимузини и слични возила.

Потсетуваме, неодамна слична прослава привлече внимание кога се паркираше пред портата на младиот човек, не помалку, ниту повеќе, туку багер.

Од двете страни стоеја мажите што се држеа додека возат, а младоженецот, хармоникашот, и, претпоставуваме, кумот стоеше во корпа од багер што беше подигната високо, велат тамошните медиуми.

Кога пристигнале пред куќата, корпата била спуштена за да можат да се симнат оние што биле пренесувани со багерот. Соседите излегоа пред куќите, а спуштањето на младоженецот кон багерот беше поздравено со аплауз.

Latest News

Камион и автомобил се запалија во Куманово – ова се деталите

Кумановските пожарникари вчера гаснеле пожари на две возила, камион и на патничко моторно возило, информираа денеска од Регионалниот центар...

More Articles Like This