December 5, 2021, 9:19 am

(Фото) Boзaч нa aвтoбус фaтeн со 100.000 швajцаpcки фpaнци вo џeбот на гpaничниoт пpeмин Деве Баир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци, соопштија од Царинската управа.

“На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул. При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени 2 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци“, истакнаа од Царина.

Девизните средства се привремено одземени со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд во Крива Паланка.

Latest News

Бројот на активни случаи од околу 8.000 падна на 6.000

Во текот на претходното деноноќие беа регистрирани нови 355 случаи на коронавирусот од направени 3.042 тестирања или 11,6 отсто,...

More Articles Like This