December 9, 2021, 11:20 am

(Фото) Cтpaшнa cooбpaќajкa вo Белград: Двajцa coпaтници бyквaлнo излeтaлe oд aвтoмoбилoт пpи штo пoчинaлe нa лицe мecтo, вoзaчoт итнo пpeнeceн вo бoлницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тешка сообраќајна несреќа утринава се случила во белградската населба Коњарник, а во која животот го загубија две млади лица.

Српските медиуми неофицијално јавуваат дека, во несреќата која се случила пред 7 часот утринава, починале 28 годишно момче и 31 годишна девојка.

Починатите биле сопатници во автомобилот, а според сведоци, тие излетале од автомобилот, по што починале на лице место. Возач, кој е на нивна возраст, е пренесен во Ургентен центар.

Неофицијално до несреќата дошло најверојатно поради возење со голема брзина, по што автомобилот „голф“ удрил прво во бандера, па во бетонски столб.

Се слушна силен тресок, а нивните тела лежеа на 20 метри од автомобилот, споделува очевидец.

Latest News

Најмоќниот човек во Европа: Марио Драги

Италијанците не се навикнати нивните премиери да се задржат на позицијата подолго време, но многумина се надеваат дека Марио...

More Articles Like This