October 27, 2021, 4:51 am

(Фото) Peкopднa зaплeнa нa kokaин вo Дубровник: Дpoгaтa билa тpaнcпopтиpaнa вo кoнтejнep зa бaнaни – oвa ce дeтaлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во Дубровник заплени рекордна количина кокаин.

Според хрватските медиуми, станува збор за околу 500 килограми кокаин што бил транспортиран во контејнер со банани. Никој не го преземал кокаин, па немало апсења, пренесува Слободна Далмација. Огромни количини на кокаин откриле цариниците при редовни контроли на контејнери.

За денес во 14 часот е свикана прес-конференција, каде полицијата ќе објави повеќе информации. Тие рекоа дека темата на прес-конференцијата ќе биде заплената на екстремно големи количини на кокаин во Дубровничко-неретванската жупанија.

Во последните месеци, пристаништето Плоче се претвори во порта за дилерите на дрога за увоз на кокаин поради слабата контрола. Од крајот на јануари, кога започна интензивната полициска акција Ускок за разбивање на заедничката криминална организација на дилери на дрога и кокаин, до денес е стигнато до бројката од над 700 килограми кокаин кои се пронајдени во контејнерските пратки на југот на Хрватска, пишува Слободна Далмација.

Уапсени се осум лица, од кои петмина се поврзани со здружена криминална организација во Метковиќ, а три во случај на заплена на кокаин во приватна компанија во Опузен, каде кокаинот завршил во контејнер со банани. Повеќето дилери на дрога паднаа во спектакуларната полициска акција на крајот на јануари во Метковиќ и на 7 март во Опузен. Но иако нарко босовите се во затвор, сè уште кокаинот пристигнува преку пристаништето Плоче, бидејќи очигледно нема кој да јави да се сопре со испораките, бидејќи локалните наркобосови а дилерите се во затвор.

Запленетиот кокаин ќе биде изложен на прес-конференција.

Latest News

(Видео) Пентагон алapмира: ИСИС-К е потполно способна да ги нaпaднe САД во рок од 6-12 месеци

ИСИС-К и Ал Каеда би можеле да имаат способност да нападнат американски цели за „6-12 месеци“ - изјави Колин...

More Articles Like This