(Фото)BMW М3 и М4: Бaвapцитe пoстaвyвaaт нoв пpeдизвик зa Audi и Mercedes-Benz

Поврзано

Слеп човек ќе вози тркачки автомобил со над 322 км/час (ВИДЕО)

Ден Паркер е цврсто решен да влезе во Гинисовата книга на рекорди.Неговата цел е добро позната, а тоа е...

Hoвиoт Јееp Compass: Скpoeн зa евpoпсkитe пaзapи

Првата генерација на компактниот кросовер Compass е лансирана во 2017 година. За овој релативно краток временски период покажа дека...

Произведен е последниот Ford Mustang Bullitt

Веројатно да не постои љубител на американските автомобили кој не го гледал култниот филм Bullitt од 1968-ма година каде...
- Advertisement -

Премиерата на двете перформансни изведби е во знакот на двојството. Седанот М3 изгледа покомпактен, компресиран и побрутален, додека М4 е поелегантно пропорционален како купе. Секоја каросерија има две изведби. М3 има 480 коњи додека M3 Competition е напумпана на 510 КС и забрзува до сто за 3,9 секунди! По истиот терк е постапено кај купето М4 без разлика во динамичките параметри. Уште еднаш до израз доаѓа дуалноста…

Кај ”послабите“ верзии се вградува шест степен мануелен менувач, додека кај ”натпреварувачите“ моторот е сплотен со осумстепен М Стептроник менувач со три модуси на работа. Изведбите со пренос на сите тркала xDrive со активен диференцијал се најавени за претстојното лето. Од предната страна тешко дека може да ги разликувате M3 и M4. Контроверзниот, вертикално нагласен двоен бубрег и фаровите се идентични. Но, разликата станува јасна во страничната и задната перспектива. Како модел со две врати М4 е вистински наследник на оригиналниот M3.

Но, тој порасна толку многу што лесно можеше да се види како духовен наследник на М635 CSi. Двете нови изведби се фокусирани на перформансите. Познатата мешавина од динамика, агилност и прецизност, и двете изведби ги исполнуваат погодноста за секојдневна употребливост и способноста за трансформација на патека. Ова го овозможува адаптивната суспензија со електронски контролирани амортизери и управувачот M Servotronic со променлив сооднос при зголемување на брзината.

Срцето на перформансниот тандем е шест цилиндерски линиски мотор со M TwinPower Turbo. Неговите два турбо-полначи му даваат карактер со мамутски 650 Nm. Тие ефективно да бидат пренесени на асфалтот направени се специфични модификации на предната и задната оска надгледувани од Динамичка контрола на стабилноста (DSC) со вклучување на M динамички режим и, за прв пат, интегриран диференцијал и контрола на влечењето прилагодливи во десет фази.

Ова беа доволни податоци за оние што имаат бензин во вените. Сепак, овие автомобили ги купуваат оние што одлично заработуваат, па интериерот мора да биде изразено спортски зачинет со луксузни материјали. Ергономски оптимизираниот кокпит типичен за спортски автомобили има екрани и контроли специфични за М изведбите.

Ново развиените спортски карбонски седишта се пресвлечени со фина кожа. Кога возачот удобно ќе се смести во очи му паѓаат две индивидуално поставени копчиња со исписц M на воланот преку кои може индивидуално да се конфигурираат праговите на интервенција на системите за помош на возачот и на дисплеите во групата инструменти и на изборниот Head-Up Display. Подесувања за ПАТ и СПОРТ се достапни како стандард, додека дополнителен режим TRACK за возење на патека е дел од опцијата M Drive Professional за особено интензивно искуство на тркачка патека.

Овој пакет вклучува и мала ризница на електроника како M Drift Analyzer, M Laptimer и M Traction Control. За цивилна употреба понуден е значително проширен избор на системи за помош на возачот со активна улога. Или, на кусо, доволно е да се каже дека ова се производи на M GmbH, домот на ”најбрзата буква во светот“! Ја немаме почетната цена за нашиот пазар но очекуваме да ја надмине границата од 100.000 евра.

Latest News

(Видео) Силен зeмјотрeс од 5,9 степени кај нykлeaрните елeктрани во Иран

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер, утрово го погоди јужниот дел на Иран. Епицентарот бил во провинцијата Бусхер...

More Articles Like This