Фракцијата Црвени од Левица велат дека не го поддржуваат Апасиев

  • February 16, 2019

Марксистичката организација Црвени реагира на изнесените клевети од страна на Димитар Апасиев „кои имаат за цел да го урнат интегритетот на партијата и да направат слика за некаков раскол.

Групата од неколку луѓе околу Апасиев со окултното јадро на порталот Антропол кои имаат култ кон Ким Јонг, Мао, Асад и редица диктатори, се само младинци хакери без никакво политичко искуство. Партијата ќе ги санкционира прекршителите и ќе постапи согласно законите. Обвинението дека зад Црвени стои власта е гнасна лага“, се вели во реакцијата на Црвени.

Тие велат дека се активни повеќе од една деценија и учестувале во формирањето на партијата Левица, како и во целокупните партиски активности.

„Наши членови, како и во минатото, така и сега застануваат солидарно со големото мнозинство на Левица и со актуелното претседателство. Во крајна линија ставовите на нашата марксистичка фракција во врска со актуелната власт се јасни затоа што произлегуваат од материјалистичка класна теорија, а не теорија на заговор или правничка фразеологија. СДСМ е прокапиталистичка партија и денешната власт е продолжеток на поранешниот повеќедекаден режим. Знаеме дека СДСМ-ДУИ нема да донесе подобрување на положбата на работниот народ. Левица мора да остане автентична работничка партија и да се дистанцира како од СДСМ и ВМРО, така и од секоја друга граѓанска партија. Зад оваа стратегија на класно одредена политика стои цела декада на политички активизам, а статиите на нашиот сајт се слободни“, реагираат Црвени.

Претходно «
Следно »