January 17, 2021, 10:01 am

Франција започнyва со намалување на pecтрикциите

Поврзано

Руската вакцина може да ја запре пaндемијата, тврдат европски медиуми

Русија ја направи вакцината „Спутник V“ и покажа можност за самостојно развивање на лек што може да ја потисне...

Eпидeмиoлoгoт Koн oткpивa: Ce нaѕиpa кpajoт нa пaндeмиjaтa

Српскиот епидемиолог д-р Предраг Кон, кој гостуваше на ТВ Прва, го коментираше пристигнувањето на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“...

(Видео) Цел peгиoн ce вakциниpa, caмo Македонија извиcи зapaди лaгитe нa Заев и Филипче

Два месеци трае лагата за обезбедени вакцини против Ковид-19! Цел регион се вакцинира, и држави членки на ЕУ и...
- Advertisement -

Франција викендов ќе започне со олеснување на мерките против КОВИД-19, така што до Божиќ продавниците, театрите и кината ќе се отворат повторно и луѓето ќе можат да го поминат празникот со своите семејства, рече претседателот Емануел Макрон, цитиран од Ројтерс.

Во телевизиското обраќање до нацијата, Макрон рече дека заврши најлошото од вториот бран на пандемија на коронавирус во Франција, но дека рестораните, кафулињата и баровите ќе мора да останат затворени до 20 јануари за да се избегне отклучување на третиот бран.

Ние мора да сториме се што е можно за да избегнеме трет бран, да сториме сè за да избегнеме трета блокада“, рече Макрон.

По воведувањето на полициски час во големите француски градови во средината на октомври, не успевајќи да го донесе посакуваниот резултат на кој се надеваше владата, на 30 октомври се воведе едномесечна блокада, иако не толку сериозна како онаа на пролет.

Позитивните трендови во борбата против коронавирусот, вклучително и падот на бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, во комбинација со притисокот од деловните лобија, доведоа до повици за што побрзо олабавување на мерките.

Според француските власти, луѓето започнаа премногу брзо да ги игнорираат мерките за социјално дистанцирање по првата блокада, што на крајот доведе до поголем втор бран на инфекции.

Критичарите на владата велат дека таа не успеала да изгради ефикасен систем за тестирање и следење на заразените, како и да внесе чувство на лична одговорност во јавноста.

Признавајќи ги недостатоците на системот за тестирање, Макрон посочи дека тој ќе биде реорганизиран така што резултатите од тестот ќе бидат достапни најдоцна во рок од 24 часа по земањето на материјалот.

Според Макрон, Франција ќе биде подготвена да започне кампања за вакцинација кон крајот на декември или почетокот на јануари, фокусирајќи се најнапред на најранливите во јавноста. Тој додаде дека вакцинацијата нема да биде задолжителна.

Latest News

Додиќ: Ќе се откaжеме од 9 јануари кога САД ќе се откажат од 4 јули

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, рече дека Република Српска ќе се откаже на 9...

More Articles Like This