January 17, 2021, 10:59 am

Франција и Британија со зајакнати патроли против мигрантите

Поврзано

Даштевски: Во ДИК ќе се работи само стручно и професионално

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери, што се поклопи...

Новинapкaтa Тpajковска: Се уште не можам да ја свapaм во глaвaтa фyнкциjaта на Љупчо Николовски

Новинарката на емисијата Топ Тема на ваша страна Оливера Трајковска жестоко реагира на именуваните функции на високите претставници на...

(Фото) Ове се деталите од пpecтpeлkaтa пред Градската бoлницa

Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред...
- Advertisement -

Велика Британија и Франција потпишаа договор за спречување на мигрантите да го преминат Ла Манш, а двете земји се согласија да го зголемат бројот на полициски патроли на трасата што ја поминаа повеќе од 8.000 луѓе оваа година.

Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател и нејзиниот колега од Франција, Дарманин, потпишаа договор за спречување на мигрантски патишта преку Ла Манш, пренесува Гардијан.

Пател и Дарманин се согласија дека бројот на припадници на француската полиција кои се дел од Ла Манш ќе биде двојно зголемен, но сè уште не е објавено колку британски полицајци ќе бидат ангажирани во запирање на минувањето на мигрантите.

Исто така, беше договорено технологијата за надзор, како што се беспилотни летала, радари, камери и слично, да се подобри.

Договорот предвидува и мерки за поддршка на сместување на мигранти во Франција и мерки за зголемување на безбедноста на границата на пристаништата на северот и западот на земјата.

Бројот на мигранти кои го преминаа Ла Манш оваа година и стигнаа до Велика Британија надмина 8.000, што е значително повеќе од минатата година, кога бројот беше 1.835.

Според неодамнешниот извештај, скоро 300 лица ги загубија своите животи при обид да го преминат Ла Манш од 1999 година.

На новиот договор се спротивставија хуманитарни организации и активисти. Тие тврдат дека поради ваквите одговори на надлежните, мигрантите ќе прибегнат кон уште поопасни рути

Latest News

Затворен угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

Вчеравечер (16.01.2021) околу 21.30 часот, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот...

More Articles Like This