January 17, 2021, 11:20 am

Франција на нозе: Големи пpoтecти низ целата земја пpoтив зakонот за општa бeзбедност

Поврзано

Останува на сила целосниот кapaнтин во Австрија

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на целосниот карантин до 7 февруари, како дел од мерките против...

СЗО бара поocтри мерки во европските мерки

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да сторат повеќе во спречување на ширењето на новиот сој на...

Германците го избpaa нacлeдникoт: Еве кoj ќe ja зaмeни Меркел нa чeлo нa ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...
- Advertisement -

Плоштадот на Републиката во Париз е веќе преполн со луѓе кои се против законот за „општа безбедност“. Демонстрации има и во другите француски градови, како синоќа во Нант каде според полицијата имаше 3.000, а според организаторите од 6.000 до 7.000 учесници, јави дописникот на МИА.

Денешните демонстрации се одвиваат под мотото: „Марш на слободи против законите за слобода“. Овие демонстрации беа инцирани од синдикатите на новинарите, кои стравуваат дека со новиот закон за кој се дебатира во Парламентот тие не ќе можат слободно да ја вршат нивната работа.

Демонстрациите и поворката беше претходно забранети во средата од страна на префектот на полицијата Дидие Лалемент, поради санитарни услови. Односно префектот дозволи „Само статички демонстрации за да се избегне мешањето на луѓето и за да се спречи ширење на вирусот“.

Одлуката на префектот, кој е изложен на силни критики по полициското насилство во Париз уште од времето на жолтите елеци, беше поништена од административниот суд во Париз. Што дозволи одржување на демонстрациите.

Полицискиот синдикат Алјанс, изрази загриженост за малиот број на припадници на силите на редот кој треба да ги обезбедуваат денешните протести, само 2000 припадници, а се очекуваат околу 40.000 демонстранти. Се стравува од вклучување во демонстрациите на така наречените Црни блокови и Жолтите елеци.

Претседателот Емануел Макрон вчера и тој се вклучи во дебатата за законот, притоа повика на „примерна полиција“ и побара од Владата „предлози за борба против дискриминацијата“.

Latest News

Останува на сила целосниот кapaнтин во Австрија

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на целосниот карантин до 7 февруари, како дел од мерките против...

More Articles Like This