ФРАНЦИЈА ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА:Нови напади ако Сирија не слуша

  • April 14, 2018

Во оваа фаза не се планирани нови напади во Сирија, бидејќи целта е постигната – изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан – Ив Ле Дријан.

Тој додаде дека сиријската влада треба да знае дека е можно да има нови напади, ако Дамаск повторно ја премине „црвената линија“, односно употреби хемиско оружје.

– Поголем дел од сирискиот арсенал на хемиско оружје е уништен – изјави Де Дријан за француската телевизија „БФМ“.

Ле Дријан напоменал дека нема измени во планот на францускиот претседател Емануел Макрон идниот месец да ја посети Русија.

Претходно «
Следно »