October 20, 2021, 9:20 pm

Францускиот претседател Макрон со честитка за Денот на независноста на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска до Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, упати честитки по повод Денот на независноста на нашата земја.

Во честитката се вели:

Господине Претседател,

По повод националниот празник на Република Македонија, во име на Франција и во мое лично име, Ви ги упатувам моите најискрени честитки.

Сакам и да Ви го пренесам моето воодушевување за патот кој го поминавте по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор пред дваесет години. Вашиот успех и успехот на вашата земја за помирувањето, за кое сведочи и Преспанскиот договор, служи како пример во регионот и пошироко. Франција и Европската Унија остануваат на ваша страна за стабилноста и за просперитетот на Македонија и на Западниот Балкан. Ние ги поддржуваме сите иницијативи кои се во таа насока, особено Преспа Форумот за дијалог.

За време на посетата на вашиот Претседател на Владата, г. Зоран Заев на 10 јуни годинава, ја повторив мојата желба да продолжиме да ги зајакнуваме нашите билатерални односи. Македонија е сојузник и суштински партнер на Франција во Западниот Балкан. Француската стратегија за Балканот предвидува засилена поддршка од Франција за економскиот и социјалниот развој на регионот, особено преку Француската агенција за развој, која по потпишувањето на меѓувладиниот договор помеѓу двете земји на 21 февруари 2021 година, набрзо ќе започне со своите активности во Македонија во областа на одржливиот развој.

Повторно ја искажувам мојата солидарност и солидарноста на францускиот народ кон населението од Македонија во справувањето со предизвиците со кои се соочува вашата земја. Ангажирањето на експертските пожарникари за справувањето со шумските пожари се нејзин доказ. Но и во екот на пандемијата предизвикана од Ковид-19 со која се соочуваат нашите земји, посветеноста на Европската Унија е целосна за да може регионот да се справи со таа криза.

Бидете убеден дека ја имате мојата целосна поддршка за европската перспектива на Македонија. Франција е решена дека преговорите за членство треба да почнат следните месеци и ќе продолжи да спроведува напори за да се изнајде решение за билатералните спорови. Франција ќе биде внимателна за да преговарачката рамка, која ќе биде усвоена, ја одразува новата методологија за процесот за членство, која јас ја посакував, и ќе продолжи да ги унапредува и да ги поддржува суштинските реформи за европското приближување на Македонија, особено во клучните области како што е владеењето на правото, кои се во сржта на европските вредности.

Повторно изразувајќи Ви ги моите срдечни честитки, Ви ги упатувам, Господине Претседател, изразите на мојата висока почит, порачува Претседателот Макрон.

Latest News

Чеда Јовановиќ е дојден во Македонија да му помогне на СДСМ за втор круг

Александар Митовски од Инфомакс во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, зборувајќи за изборите, истакна дека...

More Articles Like This