ФРЧКО ПРИЗНАВА: Имаше робусна странска интервенција, но Заев повторно изгуби!

  • December 28, 2016

Фрчковски во своето вчерашно гостување отвори и еден друг многу опасен сегмент кој во суштина ја доведува под прашање и сувереноста на државата.

zaev_verus_vtoropoluvreme

 

Тој освен тоа што отворено заговара странците од амбасади да опредлеуваат кој да биде судија а кој не, Фрчковски јавно признава дека опозицијата не би успеала да дојде до тука да не беше мешањето а странците и нивната задкулисна политика која испорача гласови за опозицијата.

-За среќа имаме релативно робусна меѓународна интервенција овие година и пол, изјави Фрчковски.

Токму таквата поддршка заедно со штетните дејствувања и предлози на Заев беа поразени од граѓаните и беа недоволни.

Тоа беше и јаболко на раздор и остра критика на членовите на СДСМ до раководството на партијата која и со таква поддршка не победи на изборите.

Љупчо Палевски од СДСМ напиша:

-Со бомби, пола свет во поддршка со кеш и цела ЦИА позади да изгубиш избори а притоа да објаснуваш дека си победил е потценување на граѓанството.. И Левица се криви и сите ви се криви, напиша Палевски на Фејсбук до раководството на СДСМ
komentari-fejsbuk

Претходно «
Следно »