September 24, 2020, 10:21 pm

Функционални институции како највисока форма на патриотизам

Поврзано

(Видео) Уште еден случaj на пoлициcka бpyталнocт

Уште еден случај на пoлициска бpyталност фaтeн на кaмера. На социјалната мрежа фејсбук се појави видео на кое се...

Вонредна вест: И Грција ќе ни постави вeто по Бугарија – одложена ратификацијата на договорот од Преспа

Грчките власти од засега нeјасни причини денеска ја одложија ратификацијата на неколку билатерални договори за соработка со Македонија кои...

Атиџе се oнecвecти на саемот за пчеларство, лekapи од Бpзa пoмoш ја ocвecтyвaa

Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, падна во несвест за време на отворањето на „Денови на македонскиот мед“...
- Advertisement -

Се чини голем број македонски патриоти, родољуби како врвен приоритет го имаат враќањето на името и укинување на сите оние понижувачки и штетни договори со соседите. Но сепак она што секој еден Македонец треба да го знае е дека создавањето на функционални институции, односно држава мора да биде врвниот приоритет.

Ќе ме прашате зошто? Во држава во која не се почитува и не функционира Уставот, законите, Собранието, правосудната власт не може да се бараат човекови права. Да името на државата, идентитетот, јазикот, историјата сите овие елементи се дел од основното човеково право на самоопределување, кое флагрантно беше прекршено во Македонија со промената на името.

Во држава во која би функционирало судството, Собранието како независен орган, би се почитувал Уставот и законите никогаш не би се случило да биде погазено едно од основните човекови права. Во системот секогаш може да се појават луѓе како 8-мината кои гласаа за промена на името, луѓе како Заев спремни по секоја цена да ја задржат власт, но истите би биле санкционирани од функционални институции во функционална држава.

Да се потсетиме дека кога се гласаше за промена на името на државата, дел од пратениците од финансиски, но и голем дел од закани со долгогодишни затворски казни беа принудени да кренат рака за Северна. Во оваа ситуација системот не ги заштити ниту пратениците на дел на кои им беше одземен имунитетот поради тежината на делото за кое беа гонети, поточно тероризам, дело кое по секоја логика намерно беше погрешно дефинирано со цел да се овозможи простор за уставните измени, а не ги ни казни оние кои тргуваа со правото и правдата како обвинителите кои преку случаите кои ги водеа за голем број пратеници ги уценуваа својот глас да го дадат за промена на името.

Во држава со функционални институции, никогаш не би се променило името на начин на кое тоа беше спроведено во Македонија. Не смееме да заборавиме дека затаи и Уставниот суд кој иницијативите на повеќе партии и граѓански организации во однос на промената на името ги стави во фиока. Забелешките беа во однос на тоа кој го потпиша договорот, односно дел од правната фела посочуваше дека тоа треба да го стори претседателот на Републиката, забелешки имаше и во однос на референдумот за промена на името кој „стана“ консултативен само откако беше неуспешен, иако Уставот вели дека за влез во воени организации и сојузи истиот мора да биде задолжителен.

На референдумот се гласаше на секои 3 секунди, поради што имаше големи сомнежи за изборни нерегуларности како што и впрочем граѓаните имаат и за предвремените парламентарни избори. И тогаш како и сега никој не ги истражи нерегуларностите до крај.

Мораме да го вратиме во Македонија основното право на самоопределување, но за тоа да се случи неопходно е да имаме функционални институции. Доколку во Македонија функционираше правната држава, никогаш немаше да се случи Северна.

Името на државата ќе се врати само кога ќе можеме да кажеме дека навистина имаме држава која работи во интерес на граѓаните и во која функционираат институциите, дотогаш тоа е научна фантастика. Време е мојата генерација да ги засука ракавите и да изгради држава!

Доста се работеше на фасадата, време е да се вратиме на суштината, да работиме на суштински промени во државата, промени во институциите, враќање на владеењето правото, политичка, но и правна одговорност, економски силна држава, квалитетно здравство и образование. Ако продолжиме како до сега идејата за Македонија ќе стане само историски факт!

Да живее Републиката! Да живее Република Македонија! Честит Илинден со мало задоцнување!

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Двајца полицajци тешко повpeдeни, зaвршиле во бoлницa

Двајца полицaјци од СВР Велес се потешко повpeдeни вечерва кај велешкото село Степанци, откако биле нaпaднати од дрвokрадци. Како што...

Георгиев: Ова со Артан Груби навестува нов институционален аpанжман во политичкиот cистем во Македонија

Овој аранжман што се случува особено сега кој што почна со синтагмата премиер Албанец, премиер од ДУИ и со прв вицепремиер, конкретно Артан Груби...

Димовски: Допрва ќе ги гледаме диcфункционалностите на парламентарното мнозинство

Не се сите перспективи розови за парламентарното мнозинство. Колку што велат ќе се зголемува, јас би оставил простор дека претстојат сеpиозни прeдизвици внатре да...

Се огласи Мурињо по победата над Шкендија

Екипата на Тотнем се пласира во плејоф-фазата од Лига Европа, откако вечерва ја coвлада Шкендија со 3-1, но далеку потeшко од очекуваното, заклучок што...

(Видео) Уште еден случaj на пoлициcka бpyталнocт

Уште еден случај на пoлициска бpyталност фaтeн на кaмера. На социјалната мрежа фејсбук се појави видео на кое се гледа полициcки службеници како бpyтално...

More Articles Like This