Фуркан Салиу со остpa реакција на тyжбата од Џабир Дерала: Нема да ме замолчите, стојам зад секој збор што сум го кажал, се гледаме на cyд

Поврзано

Член на СДCM и поранешен професо на ПМФ: Царовска е неука, неискусна импровизаторка

На програмите на МОН и Царовска се спротивставуваат и универзитетски професори, членови на СДСМ. Еден од нив е и...

ПЦР тecтот за kopoнавируcoт нема никаква врска со миkpoчипoBи

Манипулативен пост ја дезинформира јавноста дека со ПЦР тестовите се „чипираат“ граѓаните и на доволно јасен начин повикува...

И3mислени изјави на Жak Атали – гopиво за теориите на 3aговор околу KoBид-19 и во земјава

Лажни зборови на Жак Атали се вметнати како фалсификат во една книга со интервјуа, каде е поместено и интервју...
- Advertisement -

Новинарот Фуркан Салиу остро реагираше на својот фејсбук профил поради тужбата и барање за извинување и повлекување на објавата од страна на Џабир Дерала. Салиу изјави дека нема да ја повлече објавата ниту да се извини за, како што вели тој, напишаната вистина и дека стои зад секој збро од напишаното.

„Во паника се! Се може да спречат освен времето и вистината! Времето немилосрдно им тече, а вистина е болна за нив.
ЏанБир мисли дека со вакви смешни предупредувања за тужби ќе ме замолчи. ЏанБир мисли дека само затоа што има некој денар повеќе на сметка и миже да си дозволи скапи адвокати може да ме замолчи. Смешни сте! Не само што нема да се извинам и нема да го повлечам статусот, туку ќе го повторам пред судија и пред Џабир! Моето мислење за него и штетата што ја направи врз невладиниот сектор и новинарството нема тужба или судија што може да го смени.
Стојам зад секоја буква што сум ја напишал! Стојам зад секој збор што сум го кажал!
Се гледаме на суд!“, реагира Салиу.

Тужбата е поднесена поради објава која Фуркан Салиу ја сподели на својот фејсбук профил, а која се однесува на фоторепортерката Арбнора Мемети која екпресно и надвор од секоја правна процедура, доби отказ откако си реагираше за повреда на авторските права за нејзина авторска фотографија, која Џабир Дерала ја презел и објавил без да побара дозвола од авторката на истата.

Со реакција се јави и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) кои остро реагираат на начинот на кој без процедура и непочитување на елементарно достоинство и е најавено отпуштање на фоторепортерката Арбнора Мемети од „Метаморфозис“.

„ССНМ детално ја разгледа пријавата и документацијата доставена од нашата членка, врз основа на што заклучуваме дека начинот на кој таа е отпуштена е несоодветен и без оправдана причина.  Имено, отказот не може да биде доставен по електонска пошта како дел од преписка во која од фоторепортерката се бара да престане да ги брани своите авторски права кои и биле нарушени од страна на други правни лица“, се вели во нивната реакција.

„Дополнително, самиот факт дека до тој момент работничката не добила официјално предупредување во кое и било посочено дека со нешто ги нарушува работниот ред и дисциплина, или не ги исполнува работните обврски, укажува дека отказот е последица на арбитрарна одлука зад која не стојат оправдани причини“, појаснуваат тие.

Во таа смисла новинарските организации изразуваат осуда што „Метаморфозис“ не само што не застана зад својата вработена  која се обиде да ги заштити своите авторски права кои истовремено ги споделува со својата матична редакција, туку ја казни со отказ испратен по мејл, па подоцна оправдуван со обиди за негативни квалификации и деградирање на нејзината работа со што практично и го отежнува и секој иден потенцијален ангажман.

За жал ова не е единствен таков случај во кој редакциите „преку ноќ“ ги жртвуваат своите вработени заради некој телефонски повик, пријателска сугестија или заради можноста од некаков иден лукративен бизнис, но „Метаморфозис“ како организација која е издавач на три медиуми, и која во 2019 година ја доби наградата за Медиум промотор на новинарството како јавно добро „Роберто Беличанец“ не смееше да си го дозволи тоа.

ССНМ и ЗНМ изразуваат целосна поддршка на својата членка Арбнора Мемети и ги охрабруваат сите, а особено младите новинари да се борат за своите права и да бидат меѓусебно солидарни. Само така ќе и се застане на пат на праксата на неправедни отпуштања од работа, на замолчувања и негирање на сиот труд вложен во една редакција во моментот кога таа ќе реши дека веќе не и припаѓа.

Младите професионалци се дефицитарни во овој сектор и потребно е дополнителна мотивација да се задржат и охрабрат во вршење на нивната работа. Затоа упатуваме апел до сите професионални медиуми да обратат особено внимание во професионалната надоградба на младите новинарки и новинари и медиумски работници кои посветено работат во интерес на јавноста. 

Latest News

(Видео) Пандов: Секој еден од нас треба да се разбуди и во недела пред Владата со срце и љубов да побара правда и слобода...

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов во денешното издание на "Неделен брифинг" на Инфомакс порача дека секој...

More Articles Like This