September 25, 2020, 6:06 pm

ФУФКА ОД РЕЖИМОТ: Прорежимските новинари не смеат да писнат за заедничкото славење на Илинден

Поврзано

(Видео)Teнзичнo во Кавадарци, пoлициjaтa ги cпречува лозарите да излезат на пooтест пред општината

Кавадарци и околните села се под вистинска полициска окупација, откако лозарите најавија масовни протести пред зградата на општина Кавадарци...

Се затвopа фабриката „Гришко“ единствената фабрика за балетски чевли во Македонија

Се затвoра фабриката „Гришко Македонија“, која беше отворена во 2012 година во селото Слeчпе, Демир Хисар, и која се...

Од понеделник почнува исплата на септемвриските пензии

Oд понеделник 28.09.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите...
- Advertisement -

Новинарските пера на СДСМ играат како што им свират, додека во 2006 година го критикуваа заедничкото славење на Илинден со Бугарите,  сега не смеат збор да изустат против заедничката прослава на празници со Бугарија, која што Заев два дена ја договараше во Софија.

Имено, во 2006 година, сега жестоките сдсмовски пера, како Билјана Секуловска и Катерина Блажевска гласно ја критикуваа политиката на Бучковски за заедничко славење на одредени празници со Бугарија, за сега 11 години потоа да не изустат ни збор, да не напишаат ниту еден текст за очигледно антидржавната политика на Зоран Заев, кој во Софија на тацна им ги подари македонските национални празници на Бугарите, станувајчи предмет на потсмев во бугарските националистички кругови кои се во транс и неверување по изјавите на Заев.

Билјана Секуловска во 2006 година, во тогашен „Вест“  во текстот под наслов „Елај си при мене“ , јасно пишуваше дека за заедничко славење на одредени празници никој не го прашал народот.

-Никој не го праша ништо народот. Зафатен е – сам на себе си изразува сочувство. Добро, инаку ако тоа е начин да влеземе во Европа, како што вика премиерот, па да го славиме Илинден со Бугарите, а за да покажеме колку сме запалени по Европа, името да го прославиме на 8 Септември со Грците, и онака со нив ги имаме Божик и Први мај. А со цел свет ја чекаме Нова година. Ќе ни остане 1 април да го патентираме за наш изворен, македонски празник. Цел свет бар да има зошто да ни се смее кога ќе му кажеме дека сме Македонци, од Македонија. 

Каде е сега  Секуловска ? Дали нешто се смени сега? Дали некој го праша народот? Или едноставно Секуловска пишува како што ќе и кажат, се разбира за и по потреба на СДСМ.

Првиот човек на УНМИК, Петерсен, дојде во Скопје, ама пред средбата со Бучковски заврши во болница, се свитка од ишијас. Слушнал дека тука виткаме кичма, па и тој да даде придонес за нашата понова историја, го коментираше тогаш Секуловска доаѓањето на Петерсон, но сега ни збор да изусти за кршењето на кичмата на македонецот и македонската држава од страна на Заев во Софија.

Не само Секуловска, туку и Катерина Блажевска во 2006 година, пишуваше против заедничкото чествување на Илинден со Бугарите. Таа го оквалификува заедничкото славење, како предавство на најзначајниот датум во поновата македонска историја, пишувајќи дека по таквиот акт од страна на Бучковски, Македонија нема веќе премиер.

Македонија од вчера де факто нема премиер. Владо Бучковски, државјанин на Република Македонија, лидер на СДСМ, професор на Правниот факултет и сегашен претседател на Владата на Република Македонија, го урна сето она за кое сонувале генерации Македонци, се бореле, жртвувале, умирале. Владо Бучковски бесрамно во директна спогодба го предаде и го продаде Илинден, најзначајниот датум во поновата македонска историја. Неговото значење го посла како црвен протоколарен килим пред нозете на бугарскиот премиер Сергеј Станишев,  напиша тогаш Блажевска.

Блажевска молчи. Не напиша ниту еден текст , ниту една изјава не даде во која ќе го осуди распродавањето на македонските државни интереси во Софија. Народот на дело ја гледа целата лицемерност на новинарите на СДСМ, кои по потреба пишуваат или пак не пишуваат.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

(Видео)Teнзичнo во Кавадарци, пoлициjaтa ги cпречува лозарите да излезат на пooтест пред општината

Кавадарци и околните села се под вистинска полициска окупација, откако лозарите најавија масовни протести пред зградата на општина Кавадарци...

(Видео) Се cyдрија три возила: Тешkа сообрaќајка кај Злokyќани

За среќа, според информациите, нема тешко повpeдени, но причинета е голема материјална штeта. Од она што можеше да се забележи на лице место, во...

(Видео) Ckaндал во Аргентина: Пратеник водел љубов за време на вирутелната седница

Пратеник од Аргентина бил cycпендиран откако камерите забележале како води љубов со својата партнерка, за време на вирутелната седница. За време на специјалната седница на...

Се затвopа фабриката „Гришко“ единствената фабрика за балетски чевли во Македонија

Се затвoра фабриката „Гришко Македонија“, која беше отворена во 2012 година во селото Слeчпе, Демир Хисар, и која се занимава со производство на балетски...

Од понеделник почнува исплата на септемвриските пензии

Oд понеделник 28.09.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и...

More Articles Like This