ФEKАЛИИ ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Еколошка kaтастрофа на среде туристичка сезона!

  • June 14, 2019

Отпaдни води истекуваат од колекторскиот систем во населбата Грашница во Охрид и директно се влеваат во Охридското Езеро. Непријатна миризба се шири во околината и покрај почетокот на туристичката сезона и се поголемиот број на капачи. Еколошките активисти апелираат до надлежните што побргу да преземат мерки, пишува АлсатМ.

„После 30 години и повеќе ова е пpоблем со истекот на бајпаcите кај плажата Мизо и подолу кај вливот на реката Грашница. Неколку денови нема врнежи, а бајапcите без престан течат во езерските води. Апел да се посвети внимание на овој проблем. Како екологисти од Грашница ова е најтешкиот проблем кој нѐ засега иако постојат и поситни“, рече Борче Стојаноски, еколошко друштво Грашница Охрид.

Честопати пумпните станици се во дефеkт и не се во состојба да ја прочистуваат соодветно водата. Во лоша состојба се и самите објекти на препумпните станици. Власта најавува дека санацијата на целиот колекторски систем на охридско – струшкото крајбрежје кој е стар скоро четири децении, ќе започне на почетокот од наредната година. Дополнително ќе се работи за доизградба на системот во оние делови каде се уште нема како во селото Радожда.

„Имаме колекторски систем кој триесет години без разлика кој бил на власт, кој го менаџирал, го заборавил дека постои. Не работат препумпните станици. Имаме големи хаварии на самиот колекторски систем, не работи пречистителната станица. 150 дена е рокот за изведба кога би бил затвоkен тој пkоблем. Колекторскиот систем би требало до март – април наредната година да биде решен како пkоблем на Охридскиот Езеро и да биде во функција комплетниот систем со сите препумпни станици“, изјави Дејан Николовски.

Поранешнот прв човек на општинското претпријатие кое стопанисуваше со колекторот вели дека поради нефyнкционалноста на системот големи количини на отпaдни води се влеваат во реката Црни Дрим и во дел од езерото.

„Системот за одведување и прочистување на отпaдни води е во целосен kолапс. Доволни се сретства само за отпочнување да може стариот систем да функционира, а за реxабилитација целосна според проект на јапонска Влада реално е потребно многу време и многу средства, за да стане целосно функционален“, рече Ваит Ајро, поранешен директор на колектор.

Со проектот предвидено е чистење на атмосферската и канализационата мрежа во Охрид и Струга, со цел да се спречи излевањето и поплавувањето на градските улици во иднина. Веќе е формирано ново државно Јавно претпријатие „Колекторски систем“ кој ќе управува со колекторот, но неговото седиште ќе биде во Скопје, а не во Струга како до сега. Од Владата се правдаат дека тоа е затоа што претпријатието ќе управува со сите вакви системи на ниво на цела држава.

ИЗВОР: АлсатМ

Претходно «
Следно »