Хабиб е пред голема одлука: Доби понуда за која сериозно размислува

  • October 12, 2018
  • Коментари

Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов доби интересна понуда за продолжување на кариерата.

За дагестанскиот борец по победата над Конор Мекгрегор зборува целиот свет, а Хабиб се закани на УФЦ дека ќе ја напушти промоцијата ако неговите колеги од тимот добијат отказ поради тепачката по мечот со ирскиот борец.

Нурмагомедов е подготвен да си замине, но има организација која со задоволство би го видела во своите редови, а тој утринава откри дека добил понуда од ВВЕ организацијата (WWE).

Раководството на популарните кечери со задоволство би го виделе во својот тим, а Хабиб ги запраша фановите што мислат за оваа понуда.

„ВВЕ ме покани да им се приклучам. Што мислите за тоа?“, запраша Дагестанецот на Твитер, а добар дел од фановите му порачаа да оди токму таму.

Интересно е секако што Нурмагомедов во „лажна“ борба во ВВЕ очигледно на спротивната страна би сакал да го види некогашниот УФЦ шампион во тешка категорија и познат кечер Брок Леснар.

Леснар во моментов е една од водечките ѕвезди во ВВЕ организацијата, но кон почетокот на годината повторно ќе дојде во УФЦ каде ќе се бори против Даниел Корниер.

Претходно «
Следно »