ХАЗБИ ЛИКА ПРЕМИНУВА ВО БЕСА: Се потврди информација на Инфомакс – вицепремиерот Лика го напушта ДУИ

  • April 8, 2019

Се уште актуелниот вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор од редовите на ДУИ, Хазби Лика, кој е поранешен заменик-министер за одбрана и градоначалник на Тетово, води преговори со БЕСА за премин во албанската опозициска партија, брифираат за Фокус од партијата на Биљал Касами.

Со Лика многу сме близу до договор да премине во нашата партија, што официјално треба да биде објавено после изборите, но пред изборите тој најверојатно ќе излезе и со јавна поддршка кандидатот за претседател зад кој застанавме како албанска опозција со Алијансата за Албанците Блерим Река – велат добро упатени избори од БЕСА.

Колку за потсетување, Лика беше организациски секретар на ДУИ, но си поднесе оставка од оваа партиска позиција во 2015 година, поради тоа што партијата не се дистанцираше од ВМРО-ДПМНЕ по избивањето на скандалот со прислушувањето, кој го обелодени актуелниот премиер Зоран Заев како опозициски лидер.

Во тој бран, оставки се поднесоа уште неколку функционери на ДУИ, меѓу кои и поранешниот пратеник и заменик-министер за одбрана од редовите на оваа партија, Арбен Лабуништа, кој набрзо потоа премина во токму во редовите на БЕСА.

Инаку, после парламентарните избори на крајот на 2016 година, Лика беше избран за вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор во новата влада на ДУИ и СДСМ, меѓутоа набрзо потоа престана да го посетува работното место во владата поради конфликт со партискиот лидер Али Ахмети.

Неодамна, парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, со поддршка и на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, донесе одлука за формирање на ново министерство за политички систем и мултикултурализам, што практично ќе го замени секретаријатот за спроведување на рамковниот договор.

Претходно «
Следно »