ХАН ЗБОРИ ЕДНО, ЗАЕВ ДРУГО: Еврокомесарот мисли дека за две недели ќе се промени името, Заев не верува дека ќе има решение

Поврзано

(Видео) МИХАИЛОВ: На Китка се врши невидено голема сеча на дрва?

Тортевски вели дека СДС биле мрзеливи. Слушајќи го, мене нешто друго ме загрижува во неговата изјава? Тортевски вели дека...

МИЗРАХИ ЈА РАЗРЕШИЈА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА: Шекеринска со емблем на УЧК влакно не и фали

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска се фотографираше пред амблем на УЧК. Фотографијата што кружи на социјалните мрежи предизвика...

Силјановска: Една слика, думи рој

„Сликата со г-дин Дехари наликува на политичка средба во штабот на УЧК, а не во канцеларија на градоначалник на...

Премиерот Зоран Заев не верува дека спорот за името може да се реши за две недели, коментирајќи ја изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан дека Скопје и Атина можат да постигнат договор во наредните 15 дена.

– Еврокомесарот Јоханес Хан е голем пријател на Македонија и дај Боже тој да има информација што за две недели би завршиле. Јас тоа го посакувам, но верувам дека не е можно затоа што утре имаме средба помеѓу двајцата министри за надворешни работи. Знам од прилика како ќе се разговара и до каде очекуваме да завршиме. Генерално тоа што јас го очекувам е да направиме максимални напори до одлуката на Советот на Европската унија затоа што сигурни сме дека ако имаме решение дотогаш, покрај тоа што заслужуваме, ќе добиеме дефинитивни и најсилни гаранции оти ќе добиеме датум за преговори, рече Заев.

Во однос на поканата за НАТО, посочи оти е познато дека таа се добива автоматски.

– Убаво е за две недели да го решиме, тоа ќе значи почеток на автоматската покана за НАТО третата недела од денеска преку ратификацијата во земјите членки. Но, верувам дека се работи за недели пред нас, но мислам дека две недели се премалку, рече Заев.

Поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон, пак, истакна дека останува на Македонија и нејзиното раководство, на Владата, на премиерот, на опозицијата, на претседателот, како и на луѓето самите да донесат одлуки.

– Она што ќе го побарам од луѓето во земјата е да размислуваат за иднината. Некои прашања се толку многу важни што идните генерации треба да им се заблагодарат, и во Грција и во Македонија. Идните генерации очекуваат од постарите генерации да дејствуваат и да направат плодно тло со нивната активност, рече Робертсон на новинарско прашање.

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести