ХАОС ВО ЕУ: Скапи подготвки за хаосот од тврд Брегзит

Поврзано

БРОЈОТ НА ЗAРАЗЕНИ НАДМИНА 100 000: Чиле станува ново жариште во Јужна Амeрика

Бројот на заразени со коронавирус во Чиле надмина 100.000, покажуваат денеска податоците од универзитетот Џон Хопкинс. Повеќе од 1.100 луѓе...

НЕМА ЛАБАВО СО ПУТИН: На напад на конвенционално оружје, Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател Владимир Путин донесе уредба, со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како...

ИМА НАДЕЖ: Откриено кога најрано да се очекува вакцината против коронавирусот

Директорката на американската Воена програма за истражување на заразни болести Венди Самсонс-Џексон, денеска изјави дека е разумно да се...

Државите од Европската унија трошат милиони, вработуваат илјадници работници и итно даваат секакви дозволи за да се справат со се поголемата веројатност дека на 29 март Велика Британија ќе ја напушти Унијата без договор, и најверојанто – без план.

Брегзит без договор може да ја погоди Европа на начин на кој досега не е виден, од хаос во авионскиот сообраќај до паразлизирани пристаништа и милиони работници оставени во правна несигурност.

Франција ќе потроши 50 милиони евра за засилување на безбедноста на аеродромите и во Евротунелот и вработува стотици дополнителни цариснки службенци.

Португалија отвора специјални ленти на аеродромите за британските патници кои се главен „извор“ на туристи.

Холандија бара квалификувани ветеринари кои ќе извршуваат нови проверки за увоз на животни.

Германија итно разгледува како да се решат бирократските проблеми ако има брегзит без договор.

Владите подготвуваат правила за британските граѓани кои живеат и работат во нивните држави, за периодот кога веќе нема да бидат под правилата за престој на ЕУ. Тие се надеваат дека и Лондон ќе го направи истото за нивните граѓани.

Во Велика Британија се подготвуваат за најголемиот проблем – вработуваат служебеници и ќе потрошат неколку милијарди фунти за ублажување на „ударот“ по напуштањето на ЕУ.

– Силно веруваме дека Лондон ќе си замине од ЕУ без договор, изјави вчера францускиот премиер Едуард Филип најавувајќи голем број мерки за справување.
– Во такви услови, нашата одговорност е да гарантираме дека државата ни е подготвена и дека интересите на граѓаните се заштитени.

Француската Влада ќе вработи нов персонал на аеродроми и во тунелот под Ламанш. Една четвртина од трговијата меѓу Британија и ЕУ минува низ тунелот.

Во Берлин вчера парламентарците разгледуваа нацрт закон за решавање на бирократските проблеми што ќе произлезат од брегзит.

– Сакаме штетите да бидат што помали. Сигурно е дека ќе има штета напуштањето на Велика Британија на ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Во Холандија царината има распишано оглас за прием на 900 нови службенции. Владата направи онлајн контролен список на холандски компании што работат со Велика Британија – околу 350.000 од нив немаат искуство со работа со држави вон единствениот пазар на ЕУ.

Романските лидери се обидоа да ги уверат своите половина милион сограѓани кои живеат во Велика Британија дека нема „да ги остават на цедило“, но засега не дадоа конкретни информации.

Чешка и Словачка подготвуваат закони за уредување на краткорочните права за британските граѓани при брегзит без зделка, додека Холанѓаните ќе им дозволат на Британците да останат 15 месеци и можност да добијат решение за престој.

Во Велика Британија Владата објави дека става делови од армијата во готовност за постојана служба во случај на напуштање без договор. Властите во Лондон велат дека граѓаните од ЕУ ќе може да останат времено и покрај брегзот без договор.

Висок претставник на ЕУ е во обиколка на сите главни градови на останатите 27 држави од блокот за да ја процени подготовката за брегзит и да понуди помош. ЕУ издале 88 насоки како конкретни сектори да се справат со веројатни итни ситуации што ќе произлезат од брегзит.

Актуелно

НЕ СЕ 67 ТУКУ 76 НОЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Дури 52 се од Скопје!

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи...

И КАТИЦА ПРОПЕА: Се менувал член во законот за Заев да добие ослободителна пресуда за „Поткуп“, обвинителката во целост се согласува завршните зборови на...

Екс обвинителката Катица Јанева во заршните зборови за случајот рекет ги покажа своите гласовни способности и пропеа изнесувајќи низа на скандалозни тврдења. Јанева во своето...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни,...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети...

Повеќе вести