ХАРД ДИСКОВИТЕ БИЛЕ УНИШТЕНИ ПА ФРЛЕНИ ВО ВАРДАР: Нинџа сведочи дека снимките од Собраниските камери биле уништени, а хард дисковите фрлени во Вардар

  • December 6, 2018

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа, на денешното рочиште за 27 април, во својот исказ пред судот рече дека хард дисковите од безбедносните камери во Собранието биле уништени на преса во една од базите на УБК, која се наоѓа некаде на Водњанска.

-Во 22.45 минути на 27 април ми се јави Бошковско и ме повика во една од прикриените бази на петта управа на УБК, која се наоѓа во близина на Државната болница не можам да кажам каде. Таму беа Бошковски и началникот Сашо Марковски. Во неврзан разговор разбрав дека се одземени хард дисковите од безбедносните камери во Собранието. Влеговме во една работилница во базата по што Бошковски му се јави на тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Во разговорот тој доби наредба да се уништат хард дисковите. Сашо Марковски ги извади од плаво најлонче и ги стави на преса, беа црни, со големина 20×20 или 20×15 – сведочеше Нинџа.

Тој посочи дека пресата ги уништила хард дисковите, а дека потоа Бошковски продолжил да ги сече на парчиња зо ножици за лим.

-Од тука ја напуштивме базата. Беше околу 00:15 часот. Со Бошковски се упативме кон Автокоманда. По пат засранавме кај Ќерамидница, тука има еден цигански мост. Бошковски излезе од возилото и се качи на мостот. Од таму тој го истури целото ќесе во Вардар. Бошковски потоа ми кажа дека Сашо Марковски ги извадил хард дисковите и при тоа користел хируршки ракавици. Тоа е мојата вистина за 27 април. Барем една секвенца од тој ден – рече Нинџа.

Понатаму тој додаде дека додека бил во бегство, Горан Грујевски редовно му вршел притисок да не се предаде.

-Бидејќи не бев достапен за органите на прогонот имав притисоци од Горан Грујевски да не се предадам. Ми велеше дека јас сум бил мостот. Но во консултација со моите адвокати решив да се предадам на судија на претходна постапка – додаде тој.

По неговиот исказ рочиштето продолжи со вкрстено испрашување. На Нинџа прашања му поставуваа обвинителот и дел од обвинетите.

Фокус.мк

Претходно «
Следно »