August 9, 2020, 12:56 pm

ХАРИ КОСТОВ, БРАНКО БОЈЧЕВСКИ И ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ ПОД ИСТРАГА НА СЈО: Сведокот за „Сопот“ го гореле со цигари и го врзувале за радијатор за да потпише изјава

Поврзано

Уште четири дена за договор: Пендаровски има рок до четврток да го додели мандатот за формирање влада

Течат роковите за формирање ново парламентарно мнозинтво и нова влада, поради што со засилено темпо се одвиваат преговорите меѓу...

ТАРАВАРИ ГО КАЖА УCЛОВОТ – во влада со ДУИ ако Зибери е премиер

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, вчера за телевизија Телма кажа дека коалицијата на Алијанса со Алтернатива...

Таравари: Би влегле во коалиција со ДУИ само под еден yслов

Би влегле во Влада со ДУИ само доколку мандатар биде Насер Зибер, истакна за Телма, Арбен Таравари, од Алијансата...
- Advertisement -

На 4 март 2003 година  на локалниот пат Сушево – Сопот, во месноста Божја Дупка, беше подметната експлозивна направа, односно беше поставена противтенковската мина која се активирала од возило на НАТО. Од силната детонација животите ги загубија припадниците на полскиот контингент на НАТО, Павел Легински и Фјодор Никуловски, и цивилот Крунислав Кипријановски.

Министер за внатрешни работи во тоа време беше Хари Костов, Директорот за јавна безбедност беше Бранко Бојчевски и директорот за државна безбедност Зоран Верушевски, а премиер на Владата беше Бранко Црвенковски. Токму во нивно време беше поведена истрагата, беа уапсени осомничени и беше отпочнато судењето. Неколку недели по трагедијата, односно во мај и јуни 2003 година беа уапсени 12 жители на кумановското село Сопот. По долги судски процеси во 2010 година овие лица беа осудени вкупно на 150 години затвор.

-Дали денешната изјава на Катица Јанева говори дека тогашното раководтство на државата и министерството за внатрешни работи воделе целосно непрофесионална истрага и изнудиле изјава на сведок по која потоа низ судските лавиринти и затвори 15 години оставија 12 невини граѓани на Република Македонија? Дали денешната изјава на Катица Јанева по повод случајот Сопот најавува дека ќе се покрене постапка против Хари Костов, тогашен министер за внатрешни работи, Боби Бојчевски  директор на Бирото за јавна безбедност, Зоран Верушевски, тогашен директор за државна безбедност, сите кадри на СДСМ, заради непрофесионалност и злоупотреба на службената должност.

-Во периодот од 23.05 2003 до 29.05.2003 година, кога сведокот бил задржан во
објектот на МВР, тој бил изложен на физичка и психичка тортура од страна на
припадниците на УБК. Ова несомнено произлезе од изведените докази на главниот
претрес, и тоа: од службената белешка од Народен правобранител за извршен
разговор со притворено лице во предметот од 25.07.2003 година, од исказот на
сведокот Сузана Салиу – заменик Народен правобранител и од исказот на сведокот
Виктор Алексов, државен советник на Народниот правобранител, кои наведоа дека по
извршена посета кај притвореното лице Рамадан Бајрами, констатирале изгореница
на неговото чело, за која повреда тој им кажал дека ја добил од малтретирањето во
објект на МВР. А од здравствениот картон од КПУ Затвор Скопје на име Рамадан
Бајрами за лекување од 30.05.2003 година од 04.09.2003 година се утврдува дека во
пределот на задникот се регистрирани хематоми – крвни подливи, како и дека
сведокот примал терапија против силните болки во мускулите и против несоница.
Додека пак, вештите лица, психијатрите Д-р Ставре Грамов и Д-р Александар
Марцикиќ, во вештачењето констатирале дека од 23.05.2003 година до 29.05.2003
година, времето кога сведокот Рамадан бил незаконски лишен од слобода и задржан,
тој преживувал психичко страдање од силен интензитет предизвикано од наведениот
стресен настан.
Констатираните повреди во целост одговараат на исказот на сведокот Рамадан
Бајрами, во делот каде тој го опишува начинот на постапување на припадниците на
УБК. Конкретно, сведокот наведува дека во периодот додека бил држен во објект на
МВР, бил физички малтретиран од нивните припадници, односно дека целиот период
бил со едната рака заврзан за радијатор, постојано бил малтретиран, удиран со клоци
и со летва по целото тело, еден од нив му држел запалена цигара до челото, не му
давале доволно вода и храна, а истиот добивал и закани дека ќе го лишат од живот
доколку не постапи како што тие му кажуваат.
При анализа на изведените докази произлегува дека целта на горенаведената тортура
била од сведокот Рамадан Бајрами да се издејствува определена изјава. Поради тоа,
на 25.05.2003 година од страна на припадниците на УБК тој бил присилен под нивни
диктат да напише своерачна изјава за кривично – правниот настан, како и за
поединечните задолженија и преземени дејствија на секој од обвинетите, а која изјава
требало да ја каже следниот ден пред истражен судија, рече Јанева.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Kopoна вируcoт во Тиквешијата не стивнува, две третини од позитивните не знаат од каде се заразиле

Корона вирусот во Тиквешијата зема замав и секојдневно се регистирираат нови позитивни пациенти во изминатите три недели. Денес, до...

Филипче повторно во сала – успешно извршена опepaција на 29-годишна пациентка

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека повторно се наоѓа во сала на операција. Тој посочува дека утрово со колеги од Неврохирургија извршиле успешна операција...

Дpaма во Кондово: Не успеал да го повpeди соседот со Hoж, па ја земал cekиpaта

На 08.08.2020 во 23:00 часот Б.М.(65) од с.Кондово-скопско пријавил дека бил физички нападнат од С.С.(21) од истото село, по што му се заканил со...

„Фejk политичар“ и „машка Рада“, вели Палевски за Апасиев

„Фејк политичар“ и „машка Рада“ - вака Љупчо Палевски го дефинираше пратеникот Димитар Апасиев, кој вчера ја пцуеше Шекеринска бидејќи не се појавила на...

Додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити

Зоран Заев и СДСМ преку поскапената струја, која ќе ја плаќаат граѓаните, собираат свежи пари кои подоцна преку тендери треба да ги земат фирми...

More Articles Like This