December 4, 2021, 5:36 pm

Хашим Тачи останува зад решетки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот политички лидер на ОВК Хашим Тачи останува во притвор на Специјалниот суд во Хаг, откако Советот на Апелациониот суд ја одби жалбата на претходната одлука за определување притвор.

Советот на Апелацискиот суд, со кој претседава Мишел Пикард, објасни дека Тачи не докажал зошто претходната одлука за притвор била неоснована, пишува РТС.

Одлуката дојде две недели откако Специјалниот суд побара од косовската полиција да обезбеди информации за овластувањата и капацитетите, меѓу другото, за спроведување на условите поврзани со можното привремено ослободување на поранешните лидери на ОВК кои се во притвор во Хаг.

Обвинет за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото
Хашим Тачи и другите беа уапсени на 5 ноември 2020 година. Тачи претходно поднесе оставка и му се предаде на Хашкиот трибунал. Сите четворица поранешни началници на ОВК се обвинети за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото и се обвинети за злосторства на 40 места каде што луѓето биле неоправдано лишени од слобода, мачени и убиени и се соочуваат со доживотна затворска казна.

Во обвинението на Специјализираното обвинителство на Косово се наведува дека делата за кои се судат се извршени во периодот од март 1998-ма година до септември 1999-та година најдоцна, на повеќе места во Косово, како и во Кукеш и Чахан, во северна Албанија.

Според обвинението, делата биле извршени од припадници на ОВК против стотици цивили и лица кои не биле активни учесници во воените дејствија.

Тачи, Весељи, Селими и Красниќи сносат индивидуална кривична одговорност, според различни форми на кривична одговорност, за злосторства извршени во контекст на немеѓународниот вооружен конфликт на Косово, кои беа дел од широк и систематски напад врз лица осомничени дека се против ОВК.

Latest News

Во последен момент спacени од тpyeње 18 белоглави мpшојадци во Мариово

Од Македонското еколошко друштво известуваат дека минатата недела добиле дојава дека во село Витолиште во Прилепско Мариово се случило...

More Articles Like This