„ХЕРИТИЏ“ БАРА ОД ТРАМП ДА ГО ПОВЛЕЧЕ БЕЈЛИ ОД МАКЕДОНИЈА: Веќе е доцна да се спаси ВМРО бидејќи насилно беа турнати од власт, но може да се помогне со смена на Бејли!

  • January 26, 2018

Високиот соработник на институтот за меѓународни студии „Дејвис“ при фондацијата „Херитиџ“ во својата последна колумна објаснува дека САД и новото раководство под раководство на Доналд Трамп веќе не може да му помогне и да го спречи падот на ВМРО од власт поддржано од амбасадата на САД во Скопје, но може да го смени амбасадорот Џес Бејли кој во досегашната пракса се докажало дека работи пристрасно, помагајќи на една политичка опција во обид да се предизвика насилно соборување на легитимно избрана власт

Еродирајќи ги националните позиции на Македонската држава, промоција на секуларизмот, истополовите бракови и други „прогресивни“ идеи по теркот на невладините организации на Џорџ Сорос, Македонските граѓани како сојузници на САД станаа наши опоненти поради надворешната политика на администрацијата на Обама и Викторија Нуланд – пишува Мајк Гонзалес, висок соработник на институтот за меѓународни студии „Дејвс“ при фондацијата „Херитиџ“ во својата последна колумна.

„Надворешната политика на претседателот Обама беше забележителна по помпезните и штетни договори со непријателите на САД како Иран и Куба, и напуштањето на заштитата на дисидентите во овие земји. Но, под радарот препознатливоста на оваа администрација беше во промовирањето на прогресивни проекти и нови приоритети од националната безбедност, како малтретирање на ‘огорчени привезоци’ кои им се противеа, дури и оние кои традиционално беа наши сојузници“ – вели Гонзалес, објаснувајќи дека од пријателски влади на САД како онаа во Унгарија, Полска и Македонија направиле непријателски расположени општества кон САД.

Гонзалес објаснува дека под администрацијата на Трамп оваа надворешна политика нагло ќе се менува, имајќи во предвид дека претседателот Трамп од Конгресот веќе бара сериозни и големи промени кои првично се однесуваат на преиспитување на нуклеарниот договор со Иран, како и договорот за слободна трговија со Куба каде што сеуште владее комунистичкиот режим, а дисисдентите на овие држави се оставени сами на себе без традиционалната помош која ја добиваа од САД.

„Постојат некои ветувачки знаци дека оваа администрација ќе започне со спроведување на традиционална надворена политика и цели и ќе престане со уништување на конзервативните сојузници, што ќе значи целосно запирање на ‘прогресивизмот’ во светот, се со цел запирање на проекти како промоција на истополови бракови, уличен активизам, абортус, климатски екстремисти што помеѓу сојузниците ќе треба да се постигне преку програми за помош и финансирање“ – објаснува Гонзалес.

Тој на разрешувањето на заменик-помошникот на заменик државниот секретар Хојт Брајан Ји гледа како на позитивна вест, објаснувајќи дека иако тој по функција никогаш немал големо политичко или дипломатско влијание во Стејт Департментот, неговата позиција ја искористил како последна шанса да ги спроведе политиките на Викторија Нуланд и бившата администрација, што довело до уште поголеми проблеми во централна и источна Европа.

„Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во 2014-та на настан организиран од фондацијата Херитиџ ми откри дека Нуланд на неговата маса фрлила лист хартија со листа на барања кои владата на Орбан морала да ги исполни пред администрацијата на САД формално да се сретне со Унгарската влада. Во овие барања биле вклучени и инвазивни барања на САД во кои се барало Уставни промени и промена на закони за медиуми, избори, регулација на црквите и уставниот суд“ – открива Гонзалес, велејќи дека истото се случувало и во Македонија.

„Нуландизмот“, како доктрина ќе биде заменет со „Хокинизам“ (новиот заменик-државен секретар за Европа и Евроазија на САД). За некои, како во примерот на Македонија и конзервативната про-Американска партија ВМРО, веќе е предоцна. Тие беа отстранети од власт поради вмешувањето на нашата амбасада таму. Но САД сеуште може да помогне со смена на амбасадорот во Скопје, кој од страна на конзервативистите беше обвинет за поддржување на секуларизам и ерозија на Македонскиот идентитет – заклучува Гонзалес.

Претходно «
Следно »