November 30, 2021, 11:06 pm

Хocпитaлизиpaни 45 пaциeнти вo штипcкиoт Koвид цeнтap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во штипскиот ковид – центар болнички се лекуваат вкупно 45 пациенти. Трендот на намалување на пациенти е забележан деновиве. Во модуларната болница под болнички третман се 39 пациенти, од кои 28 се на постојана кислородна поддршка, а шестмина пациенти се со полесна клиничка слика и се лекуваат во Кожното одделение. Во дневната амбуланта имаат 48 прегледи.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов за МИА информира дека стабилна е и состојбата во основните и средни училишта, каде што пред два дена имаше по еден позитивен или суспектен случај на коронавирусот.

-Будно ја следиме состојбата во штипските училишта, ангажирани се и советниците од Секторот за обарзование во Општина Штип, кои контролираат во самите училишта дали се спроведуваат здравствените протоколи од страна на учениците и наставниците, вели Николов.

Апелира до родителите, но и до наставниците доколку имаат позитивен случај во семејството или биле во контакт со заразено лице да не ги пуштаат децата на училиште се додека не се тестираат и се утврди дека се негативни на коронавирусот. Забележува дека само со таква одговорност може да се заштитат учениците и наставниците и да има непречено одвивање на наставата.

Latest News

Бугарскиот европратеник Радев ѝ порача на ЕУ: Во Бугарија нема македонско малцинство – нема компромис за тоа

Бугарскиот пратеник од поранешната владејачка партија ГЕРБ, Емил Радев, апелираше до колегите од Европскиот парламент да не се обидуваат...

More Articles Like This