Хоџа: Нема да дозволам политиката да се меша во земјоделството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема да дозволам политички цели да навлегуваат во делот на земјоделството. Секогаш кога луѓето што протестираат се во право или има врска со земјоделството јас сум спремен да седнам и да разговарам за да изнајдеме решение, порача вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.
-Тоа и го правев со истите не повеќе од 100-тина луѓе што денеска протестираа во Прилеп. Мене ми е жал што некоја политичка партија сака да ги злоупотребува и само апелирам да не дозволат да бидат злоупотребувани од политичките партии. Што и да има во делот на земјоделството Министерството е отворено и таму е местото каде треба да се одвива дијалог и да се решаваат проблемите, рече Хоџа во интервју за ТВ Канал 5.
Нагласи дека за него е разбирливо да излезат да протестираат сточарите кои не ги добиле субвенциите иако, како што рече, и за тоа има одговор, но не и кога нема никаква допирна точка со делот на земјоделството.
За зелената такса што се планира да биде воведена за горивата, министерот Хоџа рече дека нема врска со земјоделството.
-Таа такса е за целото општество и е за делот на климатските промени и за она што се стремиме сите како што се ЕУ политиките. Што се однесува во делот на земјоделството ние веќе ја даваме таканаречената зелена нафта, односно субвенционираме нафта за земјоделците. Кажавме дека до крајот на мандатот ќе успееме 100 отсто да субвенционираме. Почнавме со 30 отсто, а сега е 40 или 50 отсто, рече Хоџа и додаде дека наскоро ќе биде објавен повикот за годинава од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This