ХРАНАТА КАКО ЛЕК:Кремаста компир салата која ги доведува хормоните и штитната жлезда во нормала

  • March 9, 2018
  • Коментари

Хипотиреозата и хипертиреозата се најчести пореметувања на штитната жлезда, а двете ги искусила сертифицираниот тренер за холистичко здравје и основач на сајтот “Hormones Balance”, Магдалена Вселаки.

Таа најпрвин заболела од Гравесова болест (автоимуно нарушување кое предизвикува хипертиреоза), а седум години подоцна ѝ била дијагностицирана Хашимотова болест (автоимуно пореметување кое предизвикува хипотиреоза). Пред шест години, таа открила дека има високо ниво на естроген во телото и тешки метали.

Откако класичната медицина не успеала да ѝ помогне, Магдалена се свртела кон природната медицина и нејзините благодети.

Таа осмислила бројни рецепти кои пред сè помагаат во регулирање на бавната работа на штитната жлезда, а меѓу нив се наоѓа и оваа кремаста салата од компири која комбинира пробиотици и пребиотици.

Пробиотици се бактерии кои се здрави за нормалната функција на цревата и ги спречуваат штетните бактерии да предизвикуваат болести. Пребиотиците се хранливи материи кои бактериите ги употребуваат за раст и размножување, а тука спаѓаат прехранбените влакна и јаглехидратите кои не се разложуваат во горниот дел на цревото и стигнуваат до дебелото црево каде што се наоѓаат поголемиот број бактерии.

Како што вели Магдалена, оваа салата е богата со производи кои лекуваат. Пред сѐ, ладниот компир изобилува со отпорен скроб кој е пребиотик, односно храна за добрите бактерии. Отпорниот скроб им помага на добрите бактерии да се населат во цревата и да останат таму што е можно подолго. Понатаму, рецептот содржи производи богати со пробиотици, како што е киселата зелка. По желба, киселата зелка може да ја замените со лакто-ферментирани краставици, односно краставици кои не се ферментирани во оцет.

Времето за подготовка на оваа салата е 20 минути, а времето за готвење е 45 минути, што значи малку повеќе од еден час. Количината на салатата во овој рецепт е доволна за 8 до 10 порции.

Потребни состојки:

1 кг. црвени компири, исечени на четвртинки доколку се големи

1 лажица морска сол

4 парчиња сланина

100 гр. кисела зелка (што не е ферментирана во оцет), исечена

2 лажици сенф

30 грама млад кромид

100 грама мајонез

30 грама расол од кисела зелка или 2 лажици јаболков оцет

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови.

2. Варете ги компирите со лушпа во солена вода 45 минути или додека не омекнат.

3. Ставете ја сланината во рерна и печете 45 минути или додека не добие убава кафеава боја.

4. Истурете ја водата во која се вареле компирите и оставете ги да се изладат.

5. Исечете го компирот на коцки со големина од еден центиметар.

6. Додајте ги сите останати состојки на компирите и промешајте.

Претходно «
Следно »