Хрватска во ШOK: Итeн cocтaнoк пo cmpттa нa чoвeкoт кoj пoчинa пo вakциниpaњeтo co „АстраЗанека“ – Ce дoзнa нajвaжнoтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заврши двочасовниот итен состанок помеѓу претставниците на ХАЛМЕД, шефот на ХЗЈЗ, Крунослав Цапак и министерот за здравство Вили Берош, на кој беше разгледана истрагата за смртта на мажот (33) од Сисак, кој почина 12 дена откако беше вакциниран со АстраЗенека.

Како што дознава порталот Индекс, човекот бил вакциниран на 5 март во Сисак, со првата доза на АстраЗенека. Тој почина утрово во болницата Ребро во Загреб.

Првите два до три дена по вакцинирањето имал треска, но после тоа се чувствувал добро. Проблемите се појавија девет дена откако ја прими вакцината. Потоа почувствува силна болка во стомакот.

Тој бил хоспитализиран во Универзитетскиот болнички центар Загреб, каде му направиле магнетна резонанца. Според првичните информации, на магнетнанта резонанца било пронајдено крварење во надбубрежната жлезда.

Вчера беше свикан итен состанок бидејќи постоеше стравување дека овој случај може да биде сличен на некои од случаите пријавени во Европа, поврзани со проблеми со коагулацијата на крвта. Во овој случај, сепак, нема сомневање за згрутчување на крвта, туку недостаток на тромбоцити, крвните клетки вклучени во згрутчување на крвта. Намалувањето на бројот на тромбоцити се споменува и во Европа како можна последица од вакцинацијата АстраЗенека.

На состанокот било договорено да се чека на обдукцијата за конечна проценка на смртта на 33-годишникот од Сисак, која ќе биде комплетирана во текот на денешниот ден. После тоа треба да биде појасна причина за смртта на човекот.

Како што дознава порталот Индекс, покрај крварењето во надбубрежната жлезда, човекот имал и болки во цревата и синуситис. Сега се утврдува дали овие два услови се поврзани со причината за смртта или не.

Посебено внимание, кога станува збор за смртта на 33-годишниот маж ,предизвика сомнежот за тромбоцитопенија, како што се нарекува значително намалено ниво на тромбоцити во крвта. Токму тромбоцитозата беше пријавена во ХАЛМЕД. За разлика од тромбоемболизмот, кој беше почесто споменуван кај посочените проблеми со вакцините АстраЗенека, и кој е релативно чест, тромбоцитопенијата е многу ретка. Во Хрватска, на пример, годишно се забележуваат неколку случаи на тромбоцитопенија.

Но, ако тромбоцитопенија се појави по примање на доза на вакцина, иако има милиони вакцини, ова се толкува како сигнал што мора да се испита.

Теоретски, тромбоцитопенијата може да биде предизвикана од силна имунолошка реакција, но засега сè уште нема докази дека тоа се случило во случајот на починатиот 33-годишник од Сисак.

Да потсетиме, Хрватска е една од земјите кои не престанаа да се вакцинираат со АстраЗенека. Ова го сторија околу половина од земјите на Европската унија поради сомневања дека појавата на згрутчување на крвта по вакцинацијата може да биде поврзана со вакцината АстраЗанека. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This