Пратениците на политичкото движење „Жив Ѕид“ од Хрватска, чиј лидер е пратеникот Иван Пернар денес гласаа против пристапниот протокол на Македонија во НАТО, со објаснување дека одлукта за менување на уставното име и приклучување во НАТО алијансата е спротивна на одлуката на Македонските граѓани
Од „Жив Ѕид“ додаваат дека недемократскиот начин на кој е протуркана ратификацијата на договорот од Преспа е дополнителна причина.
На седницата не беше присутен пратеникот и лидер на „Жив Ѕид“ Иван Пернар, кој за „Инфомакс“ додаде дека и тој ќе гласал против и кога би бил присутен.
Пернар беше силен поддржувач на бојкотот за време на референдумот, кога беше и гостин во студиото на „Инфомакс“.