ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ: Капитални проекти во енергетскиот сектор, придобивка ќе имаат стопанството и домаќинствата

  • March 16, 2017

ВМРО-ДПМНЕ секогаш го реализира ветеното пред граѓаните и секогаш работи за унапредување на животниот век и животниот стандард на граѓаните, велат од партијата.

mickovski-h-1

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од проектите кој го започна Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кој има за цел да го унапреди општествено економскиот развој е изградба на примарната и секундарната гасоводна мрежа.

СДСМ кога беше на власт не презеде никакви чекори ниту за изработка на основни проекти, ниту пак за физибилити студија за гасовод низ целата држава. ВМРО-ДПМНЕ, уште во 2007-мата година почна да изработува енергетска стратегија за развој на Македонија каде е предвидена гасификацијата. Врз основа на таа стратегија денес е отпочната реализација на овој капитален проект во државата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до сега ја изгради примарната гасоводна мрежа од Клечовце – Штип.

Магистралниот гасовод Штип – Неготино е во напредна фаза на изградба и се очекува да заврши до крајот на оваа година.

Во фаза на изградба е магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар.

А, исто така во Програмата РЕАЛНО на ВМРО-ДПМНЕ е предвиден магистралниот гасовод Штип – Хамзали – Струмица – Гевгелија како и ред други делници, за кои мнозинството граѓаните на последните парламентарни избори ја дадоа поддршка. Но СДСМ со своето деструктивно однесување го попречува реализирањето на овие проекти од кои директна корист ќе имаат граѓаните.

Дополнително, покрај примарната гасификација, огласите за изградба на секундарниот и терцијарниот гасовод преку јавно-приватно партнерство се објавени во јавните гласила во Република Македонија.

Со тоа започнува процесот на секундарна и терцијарна гасификација во Македонија која се очекува да чини околу 150 милиони евра. Ќе бидат опфатени 17-те општини во Скопскиот регион, 36-те општини во Источниот регион и 26-те општини во Западниот регион.

Почитувани,

Со реализацијата на тие проекти се отвора и нова ера во енергетскиот сектор во Република Македонија од која придобивка ќе имаат стопанството и домаќинствата, а истовремено и поголема заштита на животната средина.

Ова преставува вистинска грижа за граѓаните и развојот на државата.

Покрај сите опструкции од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи континуирано да работи во интерес на граѓаните, да предлага, осмислува и реализира мерки и проекти со кои ќе им се подобри животот на сите граѓани во Република Македонија.

Претходно «
Следно »