ХУАВЕЈ СО КАЗНИ ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ КОИ ТВИТАЛЕ ОД АЈФОН: Кинескиот гигант одлучи да ги казни вработените затоа што користат уреди на конкурентот

  • January 4, 2019

Кинескиот гигант за производство на паметни телефони, Huawei одлиучи да ги казни своите вработени од одделот за маркетинг и комуникации кои промотивните постови за Нова Година и Божиќ на Twitter ги објавувале од iPhone смартфони.

Казнетите нема да бидат парично казнети, туку нема да имаат право на напредување во кариерата во наредната година.

Станува збор за објави за честитки за Новата година и Божиќ кои биле постирани преку iPhone смартфон што наиде на потсмев на социјалните мрежи, особено од Твитер заедницата

Претходно «
Следно »