December 2, 2021, 4:25 am

Царовска дa им oбjacни нa нacтaвницитe зoштo гo нaмaлyвa кpитepиyмoт зa квaлитeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ многу пати ги има јавно коментирано сите недоследности и недостатоци како на новата Концепција за реформи во основното образование така и на законите кои МОН ги предлага за усогласување со неа. Одговори на наставниците им должи Мила Царовска, не ВМРО – ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја почитувало и вреднувало работата на наставниците и јавно декларирало дека образованието претставува приоритет во државата во следната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Во претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ најблиската плата во образованието беше покачена за 119%, а највисоката за 67%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според процентите можете да заклучите во каква состојба со плати ги оставила власта на СДСМ вработените во образованието.

Новиот закон предвидува директно вработување на наставници на неопределено време без државен испит и без работа под менторство од 2 години.

Министерката Царовска да им објасни на наставниците зошто го намалува критериумот за квалитет.

За партизација на образованието. Така ќе го подобрува квалитетот на образованието во Македонија? Инаку во моментот течат бројни вработување и трансформации на сите кои ги исполнуваат условите. Зошто и се потребни промените.

За пак да избрка од работа околу 200 наставници само во Прилеп и Битола и на нивно место да прими партиски членови на СДСМ и на тој начин да направи предизборен поткуп?

Потоа да ги притискаат луѓето да гласаат затоа што им го дале заслуженото место? Небаре државата им е приватна фирма?

И уште нешто!

Многу пати ја прашуваме да го објасни членот во законот кој предвидува исплата на целосна плата за неполн неделен фонд часови за наставници кои ќе реализираат воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно Концепцијата за основно образование, доколку имаат минимум 10 наставни часови во неделата?

Ако ова не е дискриминација, тогаш нека ни објасни што е тоа дискриминација во вреднувањето на трудот на наставниците?

Кој тоа не се грижи за наставниот кадар туку само за својот партиски кадар.

Ја информираме Царовска дека меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ има многу кои директно се вклучени во образовниот процес и добро ги познаваат состојбите.

Царовска, треба да дојде во Собрание и да ги образложи овие позиции без да се крие.

Наставниците сами нека судат кој е во право!, реагираат од партијата.

Latest News

Вучиќ открива: Дeмонстpaнтите на пpoтecтот беа вoopyжени

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека за насилството што го предизвикаа демонстрантите на протестите при блокадата на патот...

More Articles Like This