ЦАРОВСКА 2 ЧАСА ЗАГЛАВИ ВО ОЈО: Каде исчезнаа 19 милиони евра од ПИОМ?

  • February 8, 2019

Два и пол часа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, даваше исказ кај 0бвинителkaта Лидија Раичевиќ за кривичната пријава со неисплатените придонеси во вториот пензиски столб кое се случувало со години. Царовска по распитот беше резервирана за повеќе објаснувања и рече дека останува на тоа што го изјавила претходно. На прашање како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека кон нивната партија со овој предмет се води специјална вojна, Царовска не одговори директно туку рече: „Одговорно и отчетно постапувам со тоа што ја известувам јавноста и го информирам јавното oбвинителcтво за сите сознанија“, пренесува Макфакс.

Таа кажа дека очекува Oбвинителcтвото да постапува по предметот. Претходно, министерката обелодени дека за околу 12.000 осигуреници, уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб, односно за нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако ги исполнувале законските услови за тоа. Царовска се обврза дека државата ќе ја исправи ваквата неправда, со 19 милиони евра обезбедени од буџетот на РМ, со коишто ќе бидат обесштетени корисниците.

Претходно «
Следно »